Млади, креативни и енергични – тие две пулсираат во ист ритам, делат заеднички ставови, идеи, стилови, па така одлично се разбираат и функционираат, а најдобар доказ за тоа се завидните резултати кои ги постигнуваат кај клиентите со кои соработуваат. Има ли поголемо задоволство од тоа да влијаете врз разубавувањето на една жена или девојка?Во ова интересно интервју ќе имате можност одблиску да се запознаете со Ангела Стојоска и Сашка Кузмановска. Најпрво разговорот го започнавме со неколку заеднички прашања:
Пулс24: Како се запознавте и како ја започнавте вашата соработка?
Ангела Стојоска : Имав само 13-14 години кога во моето маало ги имав најинтересните плетенки и фризури. Така и се запознавме, Сашка беше таа која е одговорна мојата коса.
По одреден период од животот доста се здруживме и на мои 18 решив професионално да се бавам со шминка, па во наш интерес ги склопивме двете професии и моментално работиме и креираме заедно.
Пулс24: Колку е тешко да се функционира како тим и дали успевате да научите нешто една од друга?
Сашка Кузмановска: Мислам дека воопшто не ни е тешко и дека одлично функционираме.
Сметам дека делиме доста заеднички ставови, идеи, стилови, па од тој аспект немаме проблем да се разбереме или договориме околу нешто. Олеснително ни е кога работиме на еден ист клиент па се договараме и ја усогласуваме шминката и фризурата спрема самата клиентка. Неизбежно е да научиш по нешто, како од работата така и од секојдневниот живот.
Пулс24: По што се карактеризирате како тим и што ве прави поразлични од другите?
Ангела Стојоска: Освен што заедно го поминуваме работниот ден, ретко каде не се движиме заедно во приватниот живот. Мислам дека нема место и време кое што не го поминуваме заедно, па можам да кажам дека најголема карактеристика е искреното пријателство, тоа не прави различни од останатите соработници.
Пулс24: Која е вашата дефиниција за успех?
Сашка Кузмановска: Квалитетно и одговорно сработена задача, одговорни пред се една спрема друга и спрема клиентите.
Пулс24: Сте соработувале со доста познати личности. Дали имаат многу барања во поглед на шминката или ви препуштаат сами да си ја завршите работата?
Ангела Стојоска: Не би рекла дека имаат некои посебни барања, до сега не сум имала искуство со несогласување , па можам да кажам дека секогаш работам со одврзани раце и така како што јас мислам дека е соодветно за настанот. Без разлика за кој се работи, дали е обичен клиент или јавна личност сепак пробувам да ги задоволам потребите на клиентот.
Пулс24: Држите професионални обуки за шминкање. Која е вашата методологија на работа, колку трае и какви се досегашните резултати?
Ангела Стојоска: Да, држам професионални обуки за сите кои што имаат љубов кон оваа работа и сакаат да се занимаваат со нешто креативно. Обуките и часовите се индивидуални ,па во интерес на времето се договараме за часовите со ученикот и за реализација на истите. Времетраењето на обуката е од прилика 2 месеци.
Имам свој концепт нa работа по кој се придржувам и по кој се одвиваат часовите за шминка и истиот важи за секој ученик.
До сега сум имала одлични резултати и сум презадоволна од сите досегашни ученици кои работеле со мене, и се видно добри и надежни идни мејкап артисти.
Пулс24: Која е вашата следна скала во кариерата?
Ангела Стојоска: Надоградувањето е секогаш наредна скала во кариерата. Во план сум до крај на овој месец да посетам обука во Србија кај една мејкап артистка која многу ми се допаѓа како работи. Сакам да го направам тоа лично за себе и за мое дополнително усовршување.
Пулс24: Дали ви е тешка работата и како е да се биде фризер во денешно време?
Сашка Кузмановска: Сметам дека секое време си носи свој критериум и покрај големата конкуренција секој се издвојува со свој стил на работа. Веќе 13 години се бавам со оваа професија па не би можела да кажам дека работата што ја сакаш ти претставува потешкотија.
Пулс24: Што најчесто им препорачувате на клиентите кога ќе дојдат без идеја и ви оставаат одврзани раце?
Сашка Кузмановска: Им препорачувам лежерни и едноставни фризури кои што се моментално во тренд и се потполно во мој стил. Се радувам кога клиентите ми оставаат слобода и дозволуваат да ја изразам својата креативност.
Пулс24: Што е вашиот предизвик?
Сашка Кузмановска: Предизвик ми се уникатни клиенти кои што се секогаш спремни за некоја храбра промена.
Бидете секогаш во тренд и не заборавајте да ја следите нивната работа и да ги контактирате на фан страната на Фејсбук Studio Artistico како и Professional make up artist Angela StojoskaВо ова интересно интервју ќе имате можност одблиску да се запознаете со Ангела Стојоска и Сашка Кузмановска. Најпрво разговорот го започнавме со не
Пронајдете не на следниве мрежи: