Во рамките на посетата во Белгија на директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Г-дин Висар Фида, зема учество на Бизнис Форумот во Антверпен, организиран од страна на Канцеларијата на Агенцијата за странски инвестиции во Брисел, на кој присуствуваа повеќе од 100 компании од регионот на Фландрија, од различни сектори вклучувајќи ги тие од автомобилската индустрија, логистика, ИТ, прехранбена индустрија, текстилна и други.Покрај учеството на овие настани, директорот Фида водеше интензивни преговори со некои од компаниите, се со цел реализирање на нивните инвестиции во Македонија.
Како резултат на овие преговори, две компании веќе имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, и се очекува, уште една компанија да ја потврди нејзината инвестиција во последната недела од јануари.
Едната од горенаведените инвестиции е од текстилниот сектор, додека другата од секторот за логистика. Во наредните денови се очекува компаниите да излезат со официјално соопштение.Покрај учеството на овие настани, директорот Фида водеше интензивни преговори со некои од компаниите, се со цел реализирање на нивните инвести