Хилари Клинтон заврши две големи услуги за Мароко додека била државен секретар на САД, а Фондацијата Клинтон доби 28 милиони долари како донација од мароканскиот владетел, кралот Мохамед Шести.Клинтон и шефот на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕРА), Лиса Џексон, со обиделе да ја затворат компанијата „Мозаик“ со седиште во Флорида во 2011 година, која е еден од најголемите извори за ископување на фосфати.
Блиските врски помеѓу Џексон и Клинтон беа откриени кога таа се приклучи во бордот на директори во Фондацијата Клинтон во 2013 година, само неколку месеци откако таа ја напушти ЕРА. Џексон е исто така блиска со Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на Клинтон.
Мароканската компанија за производство и дистрибуција на фосфати, ОЦП, профитираше од потегот на Клинтон и Џексон за затворање на компанијата „Мозаик“ која е со седиште во Флорида. Михамед донирал 15 милиони долари за Фондацијата Клинтон преку ОЦП.
Исто така, Клинтон попушти кон рестрикциите за надворешна политика кон Мароко, дозволувајќи американски фондови да се користат на територијата на Западна Сахара кадешто ОЦП реализира ископување на фосфати.
Мароко како држава беше напаѓана дека илегално ги држи тие наоѓалишта од 1974 година и дека ги експлоатира. Ниту една нација не го признава овластувањето на Мароко над Западна Сахара и правната канцеларија на Обединетите нации и Меѓународниот суд за правда бараат од Мухамед да го повлече своето право над оваа територија и илегалното ископување на минерали.
Објавен мејл од Викиликс минатата недела, прикажува како Хилари Клинтон, додека била на функцијата државен секретар, преговарала за дополнителна донација од 12 милиони долари за Фондацијата Клинтон од Мухамед, а за возврат барала одржување на состанок на Глобалната иницијатива Клинтон (CGI) – КГИ, во 2015 година во Маракеш, Мароко. Уште милион долари уплата дошла од ОЦП за покривање на трошоците од состанокот на КГИ.
Фосфатите се есенцијални состојки во ѓубривата користени во американското земјоделство. Затворање или намалување на производтсвото на „Мозаик“ може да чини десетици илјади луѓе оставени на улица без работа и директен удар врз агрикултурното производство на земјата.
Исто така, може да доведе до зависност на САД од странски произведувачи на фосфати, поточно од марокански ОЦП. Единствени други земји коишто ископуваат фосфати се Русија, Кина и Саудиска Арабија.
Во декември 2015 година, извештајот на Меѓународниот суд за правда наведува: „Контролата на Мароко врз Западна Сахара не е признаена од страна на Европската Унија и нејзините земји-членки, но и од ОН, како и поради отсуство на бил кој меѓународен мандатар способен да го оправда мароканското присуство на таа територија.“Клинтон и шефот на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕРА), Лиса Џексон, со обиделе да ја затворат компанијата „Мозаик“ со сед