Две работи кои никако не смеете да ги правите пред да одите на доктор

Некои секојдневни навики треба да ги избегнуваме кога одиме на лекар бидејќи тие пречат во поставувањето на вистинска дијагноза или упатување на потребните тестови.Понекогаш ненадејно одиме на лекар, па не можеме да влијаеме на факторите кои пречат во поставувањето на дијагноза. Меѓутоа, доколку се подготвувате за систематски преглед или специјалистички испитувања, тогаш внимавајте на овие две работи.
Не ги лакирајте ноктите
За време на прегледот, на докторите треба да им овозможиме увид во состојбата на нашето тело, а тоа се однесува и на изгледот на одредени надворешни делови. Токму ноктите се важен показател на разни проблеми со здравјето, а ако ги покриете со лак, гел или други средства, докторите нема да бидат во можност да ја видат нивната вистинска состојба.Хоризонталните бели линии преку целата ширина на ноктот можат да укажуваат на болести на бубрезите и абнормалности на црниот дроб, а бледите нокти на анемија и недостаток на црвени крвни зрнца поради што е потребно да се направи анализа на крвта.
 
Не се шминкајте
Исто како ноктите, и лицето ги крие знаците на потенцијално сериозни здравствени проблеми. Бојата на кожата на целото лице или одредени делови од лицето зборува многу за состојбата на нашиот организам. Така, на пример, бојата на круговите под очите често укажува на проблеми со бубрезите, поради тоа немојте да ги покривате со дебел слој на пудра. Немојте да го криете со шминка нетипичното црвенило, осипот, било какви дамки или младежи, бидејќи сето тоа може да му помогне на докторот во рано откривање на разни болести.Понекогаш ненадејно одиме на лекар, па не можеме да влијаеме на факторите кои пречат во поставувањето на дијагноза. Меѓутоа, доколку се подготвуват

Пронајдете не на следниве мрежи: