Двегодишно девојче ја породи мајка си: САМА!

Храброто двегодишно девојче и помогна на мајка си да се породи и на свет да и донесе сестричка.Вистинска драма се одвивала додека Натали Пули била сама дома со својата ќерка Харпер, кога и започнале породилните болки. За среќа, во домот била малата Харпер која на мајката веднаш и донела пешкирчиња, а дури и успеала да и помогне на мајката да се јави во брза помош.
„Се се случи многу брзо. Се јавив во брза помош и се сместив во кадата, но Харпер целото време мораше да ја држи слушалката на моето уво. Беше многу смирена и не паничеше“, изјави Натали.
За жал, лекарите не стигнале на време, и натали морала сама да се породи, додека Харпер целото време била покрај неа.
„Цело време беше до мене и гледаше како бебето доаѓа на овој свет. Подоцна ми кажа: Мамо, видов кога бебето излезе“, објаснува возбудената мајка.
Според зборовите на Натали породувањето уште повеќе ги зближило, а Харпер многу се израдувала за својата нова сестричка Попи.
„Ова е фантастично. Неколку пати сме имале домашни породувања, но никогаш не сме слушнале дека некој волку млад и помогнал на мајката да се породи“, изјавија од тимот во болницата во која подоцна е примена Натали.Вистинска драма се одвивала додека Натали Пули била сама дома со својата ќерка Харпер, кога и започнале породилните болки. За среќа, во домот била

Пронајдете не на следниве мрежи: