Лидерот на ДВЕРИ во интервјуто за “Вечер” вели дека агенцијата од Србија која им ја украла кампањата и за 30.000 евра ја продала на СДСМ им должи пари за авторски права. Обрадовиќ додава дека ДВЕРИ слоганот, програмата и кампањата би ги отстапиле бесплатно доколку партијата е со слична идеологија на нивната и нема вазалски погледи како тие на СДСМ. Разговаравме за странското замешателство на Балканот, како и за најавите за кантонизација и федерализација на земјава, кои според претседателот на ДВЕРИ се прва фаза на отцепување на западна Македонија, нешто слично што на Србија и се случи со Косово.Вашата политичка партија е своевиден феномен на српската политичка сцена по својата идеологија, но и по начинот на кој делувате. Во Македонија се следи српската политика, но, за жал малку се знае за помалите политички партии. За почеток, можете ли да ни кажете нешто повеќе околу тоа кој е Бошко Обрадовиќ и кои се ДВЕРИ?
Јас сум дипломиран професор по книжевност, потоа станав косопственик во една современа издавачка куќа во Белград, автор сум на три книги со политичкоисториски погледи, а сега сум и народен пратеник во Собранието на Србија и шеф на пратеничката група на ДВЕРИ, инаку роден сум во Чачак. Еден сум од основачите на ДВЕРИ кои настанаа на Универзитетот во Белград во далечната 1992 како списание кое беше гласило на студентите за национална култура и општествени прашања. После преку 150 трибини на белградскиот Универзитет, многу хуманитарни акции и собири на српската младина, станавме најсилна српска патриотска невладинаорганизација и општествено движење на семејни луѓе по што во 2011 влеговме во политиката, а годинава станавме и парламентарна партија во Собранието на Србија каде што имаме 7 пратеници. Во исто време во 28 општини и градови во Србија имаме вкупно 73 советници. Основата на нашите политики е борбата против белата чума, поддршка на раѓањето на нови деца, поддршка на младите брачни парови и презадолжените семејства со повеќе деца како и целосно промовирање на семејните вредности воопшто. Инсистираме на економски патриотизам кој значи поддршка на домашните банки, домашното стопанство и домашното земјоделие. Се бориме против диктатите на ЕУ, ММФ, Светската банка и НАТО. Ние сме српски родољуби и сакаме соработка со сите народи и држави кои сакаат да соработуваа со нас по принципите на рамноправност, заемно почитување и немешање во внатрешните работи. Не сакаме кога големите западницентри на моќ се мешаат во нашите внатрешни прашања, што постојано се прави на Балканот. Тие често се поголем извор на нашите судири, нетрпеливоста и војните од што сме ние самите.
Македонија се наоѓа во предизборна кампања, но, во исто време земјата е и на голема крстосница од која зависи нашата иднина. Опозициската СДСМ во предизборната кампања буквално го украде слоганот на Двери („За живот Србије“ стана „За живот во Македонија“) а преземани се и мотиви од кампањата, делови од предизборната програма, дизајнот на пропагандниот материјал како и сценографијата на митинзите. Пратеникот на Двери, Срѓан Ного, најави тужба против СДСМ. Како вие како претседател на партијата ќе го прокоментирате овој потег на најголемата опозициска партија во Македонија?
Сите три изборни кампањи за парламентарните избори и 2012, и 2014, и 2016, ни беа прилично креативни, и посебно на интернет беа оценети како едни од најдобрите во современиот српски политички маркетинг. Се смислувавме и спроведувавме сами и никогаш не користевме услуги на агенции за односи со јавноста, посебно не странски. Многу од нашите слогани и програмски идеи може да се применат и во други држави, затоа што проблемите се многу слични. Меѓутоа важно е кој ги презема програмата и слоганот и за која цел. Не ни е драго кога нашите идеи ќе завршат кај некој со кој имаме целосно спротивни гледишта во однос на она за што се залагаме, а доколку ни се истомисленици кампањата би им ја отстапиле бесплатно
Вашата политичка партија има изразито антиглобалистички позиции и се противи на ЕУ и НАТО интеграциите на Србија. Зарем не е чудно тоа што СДСМ, кои важат за најголем експонент на глобализмот во Македонија, ви ја крадат кампањата?
Тоа е веќе политички тренд на големи геополитички промени во Европа и светот кои ДВЕРИ го носат во Србија. Евроскептичните идеи денес победуваат на изборите ширум Европа: државите се враќаат кон традиционалните вредности, националниот суверенитет и идентитет, домашните економски интереси, заштита на државните граници од напливот на мигранти, против управувањето од еден центар, од Брисел… Се раѓа нова Европа, која ја сочинуваат Слободарската партија на Австрија, Националниот фронт на Франција, Лигата за север на Италија, ФИДЕС на Орбан во Унгарија, Алтернатива во Германија… во Србија тоа се Двери.
Тешко дека прозападната опозиција во Македонија, која оди по патот на фанатичен влез во ЕУ и НАТО, ќе се вклопи во овие идеи. Едно е да украдете слоган, а друго е да имате идеи. Ова е јасен пример за тоа дека добрите слогани може да послужат и како маска на надминати политички идеи.
Кампањата на СДСМ ја водеше една ПРагенција од Србија. Имате ли некакви релации со Иван Бендер и Миљан Шќекиќ кои ја водат кампањата на СДСМ? Или тие зеле инспирација од ДВЕРИ и скапо ја продале во Македонија?
Бендер и Шќекиќ ниту контактирале некој од Двери, ниту ги познавам. Но имаме релација, должни ни се процент за авторски права од тие 30.000 евра за колку што, според тврдењата на македонските новинари, тие ги продале нашите слогани. Ако ги потрошиле парите, нека бараат од владејачката Српска напредна странка. Слушнавме дека и нив им пружале некакви агенциски услуги.
Србија веќе подолго време проаѓа низ страшна голгота со Косово каде што се случи егзодус на српското население кој беше аминуван од САД и ЕУ. Од друга страна, главниот наратив на опозициската СДСМ во Македонија во оваа предизборна кампања е идејата за двојазичност на целата територија на Македонија и кантонизација, односно федерализација на западниот дел од земјата. Кој е вашиот коментар околу оваа проблематика и што би им порачале на македонските гласачи?
Службената употреба на јазиците на малцинствата е едно, а цепењето и дезинтеграцијата на државата е друго. Зарем ви е потребно ново Косово во Македонија? Јасно е дека таквата федерализација или кантонизација на Македонија ќе заврши со отцепување и независност на албанскиот дел од земјата. Ние Србите тоа најдобро го знаеме, а вие сетете се на комунистичкиот Устав од 1974 кој ја подели Србија на автономни покраини кои станаа траен извор на сепаратизмот.
Македонија за среќа беше малку зафатена од војните кои беснееја на овие простори во деведесеттите. Србија имаше многу жртви и изгуби голем дел од својата територија. Вие сте познати по тоа што ги браните националните позиции на Србија и српскиот народ, но и покрај тоа го дочекавте младиот хрватски пратеник Иван Пернер и поради тоа бевте критикувани од дел од српската јавност. Покрај се, мислите ли дека е можно помирување и заедничко делување на оние кои беа крвни непријатели?
Во Србија радо би пречекал и ваши интелектуалци и политичари кои се против ЕУ и НАТО, и кои се борат против банкарските дерачи на кожа и против економското истребување од ММФ и Светската банка, а воедно се грижат за заштита на семејствата во современиот свет. Сите во бившите југословенски републики имаме многу слични проблеми и се претвораме во евтина работна сила за странските газди. Ние нашите разлики ги знаеме време е да почнеме да работиме на нашите сличности. Разберете го ова како повик за истомислениците во Македонија, да се јават на ДВЕРИ и да создадеме контакти и соработка.
Аналитичарите во Србија, но и нивните колеги од Македонија и Бугарија, тврдат дека Балканот е жртва на политичките превирања помеѓу САД и Русија. Америка го избра Доналд Трамп, кој ветува дека ќе го спаси светот од нова ладна војна. Во Србија владееше голема еуфорија околу неговиот избор. Дали очекувате дека новата американска администрација ќе го остави Балканот на мира?
Македонија е добар пример за тоа до какво разгорување на внатрешната нестабилност и предизвикување на политичка криза доведе директното мешање во внатрешните работи и манипулациите на западните центри на моќ Вашингтон и Брисел. Изборите во Македонија не можеа да бидат распишани се додека тоа не им одговараше на овие центри и нивните проценки за шансите на нивните фаворити. Патот на Македонија во ЕУ и НАТО ве донесе во колонијална позиција.
Македонија денес не е слободна и независна земја која одлучува за својата иднина. Дури ни датум за избори не можете да одберете сами туку тоа наместо вас го прави некој од страна.
Многу е слична ситуацијата и во Србија. Брисел и Вашингтон проценуваа кога политичката сила за која очекуваат дека ќе ги спроведе нивните интереси ќе се зајакне доволно за да дозволат одржување на избори, така денес Брисел има својот кандидат на власт во Србија. Неодамна еврокомесарот Хан отворено и брутално се вмеша во внатрешните работи на Србија индиректно поддржувајќи ја актуелната власт и остро напаѓајќи го делувањето на евроскептичните и националните политички опции, меѓу кои е и ДВЕРИ, пред претстојните претседателски избори на пролет 2017. ДВЕРИ 18 години се борат против ваквиот вид на колонијално управување и окупацијата која ја спроведуваат Брисел и Вашингтон, се бориме за слобода и независност на Србија и затоа сме најгласни заговорници на напуштањето на погубниот пат на Србија кон ЕУ. Што се однесува до победата на Трамп, Србите повеќе го славеа поразот на Хилари Клинтон и воените злосторници кои стојат позади неа, оние кои своевремено ги бомбардираа Србија и Црна Гора. Трамп го држиме за збор дека ќе ја промени надворешната политика на САД кон Србија и дека стратешки ќе соработува со Русија. Тоа е основ за мир во светот и на Балканот.
Следната година Србија ја очекуваат претседателски избори, вие рековте дека ќе се кандидирате за претседател. Каков резултат очекувате?
Овие денови на еден од најчитаните интернетпортали во Србија и регионот се одржа гласање на замислени претседателски избори, каде влегов во полуфинале помеѓу четири фаворити. Во современата светска политика аутсајдерите се повеќе победуваат. Оние кои се сомневаа во Брегзит и во победата на Трамп се сомневаат и во мојата кандидатура за претседател. Но, дојде времето на ДВЕРИ! Очекувам добар резултат и понатамошен раст на поддршката на гласачите за нашето политичко движење. Ние од 2003, кога формиравме невладина организација па до сега се залагаме за враќање на традиционалните вредности, националниот суверенитет и идентитет, домашниот економски интерес, се противиме на диктатите од Брисел и еве денес сме на линијата на политичките промени во Европа. Останатите се заостанати во времето кое е веќе поминато и во празните приказни за евроинтеграциите.
Најновата информација која ја прочитав непосредно пред почетокот на ова интервју, е дека во Тирана е формирана заедница на албанските општини од регионот, каде што влегуваат општини од Македонија и Црна Гора, но и српското Прешево. Колегите новинари овој потег го коментираат како формирање на Голема Албанија на мала врата. Што мислите вие, дали не очекуваат ново будење на Албанците и нови конфликти?
Кој не ги гледа не само идеите туку и конкретните политики кои одат во правец на реализација на проектот Голема Албанија тој е слеп при очи и не треба да се бави со политика затоа што работи на штета на својот народ и држава и е соучесник во создавањето на Голема Албанија.
Македонија и Србија имаат извонредни односи на сите полиња. Единствено отворено прашање е спорот помеѓу двете цркви МПЦ и СПЦ. Вие важите за религиозен човек, дали гледате позитивни вибрации кои би довеле до решавање на овој проблем?
Тоа е голема и непотребна рана во телото на православната црква. Ние сме речиси ист народ, со иста вера, многу сличен јазик и писмо, со многу заедничка историја и заеднички интереси денес. Нам таков раскол не ни е потребен, не само во црковен туку и во било кој друг смисол. Треба да се направи се, а се надевам дека религиозните луѓе кои се во политиката и кај нас и кај вас ќе го разберат значењето на тоа кога ќе дојдат на власт да се надмине овој повеќедецениски проблем кој доаѓа од комунистичкото време. Јас стојам на располагање да помогнам околу се што е во моја моќ.
Преземено од ВечерВашата политичка партија е своевиден феномен на српската политичка сцена по својата идеологија, но и по начинот на кој делувате. Во Македон