Град Скопје во соработка со УЕФА, партнерите на УЕФА и ФФМ подготви музичка програма и активности во неутралната фан зона на плоштад „Македонија“ по повод утрешниот Суперкуп и дуелот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на Градскиот стадион.Неутралната фан зона денеска и утре ќе биде отворена од 11 до 19 часот. Во 11 часот денеска ќе почне грас-рут турнир помеѓу момчиња кој се организира во склоп на „Трофеј турата“ на Фудбалската федерација на Македонија. Девојчињата кои ќе се натпреваруваат на грас-рут теренот ќе почнат утре во исто време.
На голема бина поставена на плоштад „Македонија“ денеска ќе настапат Симона Попоска, диџеите Матс, Контру и Бранчез, а за утре се најавени настапите на Сара Мејс, диџеј Дела, Брас Брадрс и диџеј Боби.
Сите посетители на неутралната фан зона ќе имаат можност да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА, трофеите на Суперкупот, Лигата на шампионите и Лига Европа, а за анимирање и забавување со фановите ќе се погрижи и маскотата на Суперкуп 2017 Скопје. Дополнителни активности ќе бидат организирани и од главните партнери на УЕФА: Пепси, Хајнекен, Мастеркард и Нисан.
Град Скопје подготви и специјални собирни места (meeting points) за двете групи на навивачи од каде ќе се упатат кон Градскиот стадион во боите на својот омилен клуб. Навивачите на Реал Мадрид ќе се сретнат на плоштадот „Филип Втори“, а навивачите на Манчестер Јунајтед на платото пред Спомен-куќата на „Мајка Тереза“.
По повод претстојниот натпревар, Скопското кале е осветлено во сина боја. Град Скопје претстави и промотивно видео со цел да ги запознае странските посетители со знаменитостите и убавините на главниот град.
– Навивачката еуфорија се очекува да ги исполни улиците на Скопје во деновите кои претстојат, а дефинитивно ќе кулминира на 8 август кога очите на јавноста и љубителите на фудбалот од целиот свет ќе бидат вперени кон Македонија, соопштија организаторите на придружната програма по повод Суперкупот во Скопје.Неутралната фан зона денеска и утре ќе биде отворена од 11 до 19 часот. Во 11 часот денеска ќе почне грас-рут турнир помеѓу момчиња кој се организи