Двојазичност? Федер, али за ци[ј]а

Колумна која излегува на 12.10.2016 во Македонија мора, ама ЕПТЕН мора да почне со БРАВО МОМЦИ! Честитка за Македонската U21 репрезентација во фудбал која со победа над Шкотска од 2:0 избори пласман на европското првенство во фудбал идната година во Полска. За да ја разбереме магнитудата на успехот, замислете дека голем дел од овие наши момци за 3 до 5 години ќе излезат на мегдан со истиве свои врсници во некоја од групите за квалификации на сениорско светско/европско првенство.Со истите врсници кои ги „мачкаа на леб“ на Филип Втори, во Автокоманда, Струмица… Иднината изгледа светло за македонскиот фудбал за разлика од тмурната сегашност.
Тајната на нашите херои е едноставна, упорност, посветеност, инает и never give up ставот кој конечно краси една наша фудбалска селекција. Жално е што малкумина од нив се вклучени соодветно во концептот на матичните клубови а уште помалку се стартери. Но еве можност и тоа да се исправи за да можат да созреат подеднакво добро како нивните врсници од останатите национални репрезентации.
И да, успехот беше на сите момчиња – никој ни праша ни полемизираше од која вера, нација од кој клуб доаѓаат или со која политичка определба се приватно. Единствено важно беше дека на теренот беа тим сплотен со идеја и правилно, професионално водство. Тоа даде резултати. Уште еднаш, БРАВО МОМЦИ, БРАВО ХЕРОИ!
За жал по гаснењето на рефлекторите на Филип Втори и 4-5 часовната еуфорија потоа, мора да се вратиме на суровата реалност. Таму, редовно е Зоран Заев. Тој редовно дава изјави по сега балансираните медиуми и со исто таква редовност не чести со „бисери“ од малиот мозок. Тешко е човек да се сложи со Зоран Заев а тоа да потрае повеќе од 2-3 дена.
Се чини како човекот да брка олимписка норма во тресење глупости од ракав со надеж дека еден ден кога таа дисциплина ќе стане олимписка ќе биде првиот со златен медал и благонадежен корисник на спортска доживотна пензија од „диктаторот“ Грујо. Но само наивен човек и човек со коефициент на интелигенција помал од бројот на обувки кои ги носи може да верува дека изјавите на мистер ЗЗ се негови а чекорите кои тој и неговата партија ги превземаат се за доброто за сите нас.
Последна во каталогот на „бисерни“ идеи за „Иднината на Македонија“ е онаа за двојазичноста на цела територија на Македонија. Се извинувам, идејата е сега „План за Македонија“, поддржан од многу независни, слободоумни, непартиски, урбани и бањати дечки и девојки кои ги видовме во столчињата на предизборниот (дали?) конгрес на СДСМ.
Но да се вратиме на двојазичноста на цела територија. Тоа според Зоран Заев е можност дете албанче да може да свири виолина ( добро прочитавте, да свири ) на албански во Прилеп. И што има тука страшно? Страшна е и катастрофична леснотијата со која овој комичен лик кој случајно и по чуден сплет на околности стана лидер на опозицијата во Македонија. Овој најголем меѓу слободарите прв меѓу урбаните и најтолерантниот меѓу толерантните како да не може да разбере дека претседател на политичка партија не е ниту почесна ниту пак доживотна функција. Како коцкар го гледа сопствениот и партискиот рејтинг во очи и оди на се или ништо заборавајќи дека иако Лидерот Заев е за сега недопирлив за правдата, бизнисменот и градоначалникот Заев тоа не се.
Кој знае дали вселената ќе му подари уште еден претседател на Македонија кој му е толкав должник ( финансиски ) кога здивот на ЦИА ќе изветрее од неговата кожа. Кој тоа го знае. А малкумина веруваат дека Заев и другарите седнале еден ден и си рекле, другови, рејтингов штипе очи, што да направиме за до декември да можеме да го престигнеме ВМРО? Ај ќе предложиме двојазичност и стотици илјади албанци ќе ни се придружат симултано во походот против „режимот“ и потоа ќе завладее мир, правда и благосостојба за сите.
Албанците живи среќни, во исчекување на 500 евра просечна плата и 200 евра минимална, сложно ќе творат поеми за Македонија и ќе се клањаат на толерантниот вожд и неговата визија која не само што е пред времето туку е и пред сите можни времиња и невремиња. Да, да тие 200 евра минимална плата кои Заев во моментов НЕ ГИ ДАВА на сопствените вработени во своите фирми, но секако тоа ќе му успее на територијата на цела Македонија. Пишувам и си се убедувам. Исто така и Албанците. Ќе ја избришат призренската лига и нема никако да бараат употреба на Албанскиот во Штип или Радовиш, бидејќи се совесен, алтруистички и пред се толерантен народ. АаааапппЦИА, се извинувам што кивнав. Но од како се насмеавме слатко на „Економската програма“ на социјалдемократите, редно беше еден ваков ладен туш да добиеме.
И ако се вратиме на здивот на НаЦИ(ј)Ата на кожичката на Заев се чини дека СДСМ има некоја чудна карма освен ПАПАТА да устоличува на чело на партијата наивни ликови од типот на Петар Гошев, Владо Бучковски и последниов пример со Зоран Заев. Треба да се нотира дека кај Заев не можам да ставам јасна линија помеѓу неговата наивност и паљачо настапите на кои не можат а да не се насмеат ни неговите најверни медиумски мецени ( БорјанЧО ). И веќе не е ниту смешно. Не беше толку одамна кога Бучковски не убедуваше дека со новата територијална организација Македонците во Струга ќе бидат малтене бубрег во лојот на меѓуетничката толеранција а Албанците ќе се кршат од мака за да им угодат. Нормален човек кој бил во Струга во последно време, знае дека тоа не е така. Сте биле во Чаир можеби, Конгреси и манастирит школото го знаете? Тетово? 200 македончиња сеуште ја немаат започнато наставата. Седат надвор.
Толеранција? Алтруизам? Или призренска лига? Ве молам спомнете ми ги Бени Шакири, Артим Шакири, Замир, Едмонд Адеми, или непознатото другарче од интернет како исклучок кој го крши правилото. Или подобро, најдете македонско знаме врзано во чвор со албанското на митинг на Дуи, ДПА, Унитети??? Не а? А здивот на волшебникот мириса ли мириса. Гадно. Од многубројните вакви „проекти“ кои требаше да донесат мир и просперитет меѓу нациите. Верувам дека и на последниот од вас му е веќе јасно што е играта. НаЦИ(ј)Ата на која и припаѓа волшебникот е можеби млада, но секако многу моќна, глобално. Таа сака глобализам зошто тоа значи територијалност, територии кои нејзините интереси можат да ги „прелетуваат“ и заобиколуваат и експлоатираат без прашања. Сте биле на Косово?
Тоа беше newborn –от во кој требаше сложно и весело да живеат Албанци и Срби, каде што Албанците кои „страдале со векови поробени од гнасните Срби“ сега не само што нема да бидат исти како нив туку Србите ќе бидат заштитени, мазени и чувани како благороден камен во миљето на толеранцијата и помирувањето.
Одете на Косово. Пишете ми дали е така. Босна? Грција? Албанија? Се успешен до успешен проект. Струга да ја спомнам пак? Нема потреба нели. НаЦИ(ј)Ата на волшебникот е силна. И прави грешки. И има универзален збор што како зборот молам, исто така железни врати отвара. Зборот се вика „колатерална штета“ или во превод на скопски, Јеби га, се заебававме. Мислите ли дека Обама, Буш пред него или казановата Клинтон изгубиле минута сон во животот што Србите во Косово живеат со страв и под терор? Што им рушат Цркви, куќи, споменици оние кои требаа поучени од сопствениот пример да бидат најтолерантни?
Секако дека не. Јеби га, се заебавме, колатерална штета – животот продолжува. А можеби и мислеле најдобро, можеби и било со умисла, тоа не е важно сега. И да е ситуацијата на терен баш како што ја планирале ( од некои садистички побуди или чисто лукративна природа) или пак и да е навистина грешка во проценка, повторно просечниот американец (99% од нив) на веста за запалена црква од Косово нема да изгубат ни миг брзајќи на следната страница да прочитаат во какви ѓаќи денеска се прошетала Ким Кардашијан. Светот? Обединетите нации? Дај не ме заебавајте. Русија? Can’t be reached at the moment. На волшебникот му требаат територии. Шефот така му наредил. Една од тие територии за жал е и нашата мила Македонија. Планот беше bulletproof, дај им снимки на паљачовци без образ, пушти на улица газови алчни за функции и пари, спинувај две три афери и готово. Затоа и тајмингот на Катица коинцидира со предизборието а театралните настапи на СЈО требаше да бидат поткрепени со масовни издавања на пристапници на Албанци за членство во СДСМ.
Така рејтингот кој му штипеше очи на волшебникот ќе беше дуплиран (Албанците од ДУИ, ДПА и Унитети ќе препознаеја лидер/паљачо во Зокита и секој од свое убедување ќе му се придружеше) СДСМ ќе станеше унијатска партија со 350.000 гласа и многу расположена за ширење толеранција, братство и единство. Да се разбереме, НаЦИ(ј)Ата што владе со светот не се Срби, но СДСМ секогаш може носталгично да си чува слика од Белград во внатрешниот џеб.
Сега се само добри слуги, малку лути што газдата не ги чешка и гали но барем има пари. Но за нивна жал, рејтинзите се недвосмислени а на чадорот и волшебникот им се брза. Ако Брегзит значеше тектонски шок ( планиран од НаЦИ(ј)ата ) Трамп, планиран или не, ќе донесе ако ништо друго застој од 6 до 9 месеци на сите планови. Во големите игри за Европа, ние сме само на патот, колатерална жртва на големите играчи. Смешниве за кои поим за екологија е затворање на 250 фабрики и што ќе зголемуваат плати од како претходно ќе не збратимат со Албанците како Бучко во Струга и Теута во Тетово, се потрошен материјал и карта која не игра.
Грешката на волшебникот при проценката дека Македонија е Калифорнија, а Албанци ќе гласаат за паљачото заборавајќи го етникумот како Хозе од Сиетл кој станал Американец – е очигледна. Не функционира. Стрелката на рејтингот на СДСМ е на резерва, со Мухи или без него. А времето си тече. Трамп победува на дебати, часовникот чука. Време е ние кои и сакаме добро на Македонија малку да ја чуваме топката кај корнер знаменцето, да играме на време. Времето е нешто за кое господата од СДСМ не се свесни. Тие само ја мантраат двојазичноста како последен чип за нивната ефтино продадена кожичка. Споредниот ефект од неа секако е Федерализацијата како опција за полесно контролирање на територијата на државата што не може ниту да се вика како што ќе посака.
Но од федерализацијата денес останува само Федер, али за ЦИ(ј)А, скопски кажано. Тик-Так се врати како бумеранг. А митингот? Собирот? Походот од 11 –ти октомври? Што да кажам, лош ден да бидеш донесен како овца, натоварен во автобуси, затворен во железно трло и наранет со сендвичи па пратен дома. Се надевам аранжманот беше со карта за историскиот натпревар Македонија- Шкотска. Но, што знаат овци за фудбал и историја? Нели Пендаровски?
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарСо истите врсници кои ги &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: