Ако за став содржан во 140 букви, колку што дозволува социјалната мрежа Твитер, Филип Петровски заработи кривична пријава од Уранија Пировска и Оливер Спасовски, тогаш со колку години затвор би требало да бидат казнети оние кои повикуваа на атентати, војна, крв, смрт и убиства, и тоа во колумни. Колку би требало да одлежи затвор Есад Рахиќ, инаку брат на уапсениот нарко дилер Сеад Рахиќ, кој јавно на телевизија им се закануваше на новинарите дека ќе ги тепа?Подигнувањето на истражна постапка по кривичната пријава на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и имагинарната директорка на „Хелсиншки комитет“ кој во светот е затворен пред 11 години, е преседан во Македонското правосудство.
Имено, двајцата лицемери го тужат Филип Петровски за став искажан на социјалната мрежа Твитер, а според обвинителството, ставот содржан во 140 букви бил доволен да се отвори истражна постапка, иако претходно во низа наврати тоа не го направи и за лица кои во колумни, текстови и мислења, објавени во масовни медиуми (весници, телевизии, портали) отворено повикуваа на атентат на високи државни функционери.
Така на пример, Бранко Тричковски во колумна објасни како го замислувал патот на куршумот кој поминувал низ главата на Груевски.
Неодамна, истиот на социјалната мрежа Фејсбук, каде нема ограничување во изразувањето, Тричковски повика и на убиство на претседателот на државата, премиерот и екс-премиерот Груевски.
Пред две години пак, истиот овој новинар на истата социјална мрежа посакуваше смрт на оние полицајци кои не успеале да загинат во анти-терористичката акција во Куманово, велејќи дека само така, кога ќе изумреле полицајците кои сеуште ја бранеле државата, тогаш Македонија ќе била по негова мерка.
Но, Тричковски не осамен во повиците за насилство. Примери слични на неговите имаше и неговиот пријател и ментор Бранко Геровски, кој исто така на социјалната мрежа се закануваше со убиство на новинари. Тој напиша:
Само нека повели пичкицата смрдена. Знае што го чека – кратка деветка. Не е Волтер. ЦЗ е. Со нова, тазе дозвола. По стандардите на СЕММ.
Повиците на овие експоненти, кои потикнуваат од еден центар всушност сепомалку загрижувачки иако се кривично казниви. Имено, свои „бисери“ имаа и високи функионери на СДСМ кои повикуваа на „крв на улици“. Таков е примерот со Едмонд Адеми.
Обвинителството не најде за сходно ниту да започне со истражна постапка и за заканите на Уранија Пировска, која в лице им се закануваше на полицајците со зборовите „Ќе видите вие!“, или пак на новата пратеничка Ивана Туфегџиќ која од пред полициската станица во населбата „Пролет“ повикуваше на „смрт со бесење“ за полицијата.
Подигнувањето на истражна постапка по кривичната пријава на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и имагинарната директорка на „Хелси