Eдно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада во Јапонија

На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.

ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)

НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.