Погледнете кои намирници лесно се варат во вашиот желудник, а кои се тешки за обработка. Доручекот е најважниот оброк кој ја дава целата потребна енергија, но важно е да знаете кои намирници смеете да ги јадете на празен желудник.
На нашето тело наутро потребни му се хранливи материи како што се јаглени хидрати, баласни материи и протеини.
Еве што смеете да јадете на празен желудник:

Овесни снегулки
Богати се со баласни материи кои го намалуваат холестеролот. Затоа, за доручек направете си овесна каша и така најдолго ќе останете сити.
Јајца

Ико имаат малку калории, даваат чувство на ситост. Нискокалоричен доручек ќе му даде повеќе простор на вашиот организам за други дневни оброци.
Лубеница
Богата е со течности кои одлично делуваат на празен желудник.
Интегрален леб

Содржи јаглени хидрати и други важни хранливи материи кои најдобро е да ги консумирате наутро.


