Eдна баба и напишала писмо на пријателка : „Сè повеќе читам а помалку бришам прашина“

Една баба и напишала писмо на пријателка. Овие зборови морате да ги прочитате:
„Драга моја,
Сè повеќе читам а помалку бришам прашина. Седам во дворот и уживам во погледот без да се грижам за плевелот во градината. Целото време го поминувам со семејството и пријателите, а помалку во работа.
Животот мора да се живее, а не да се издржува. Сега се обидувам да ги разберам и да ги ценам овие точки.
Немам ништо повеќе за чување: секојдневно го користам мојот добар порцелан, секој ден кристалните чаши.Го носам мојот ‘блејзер за во град’ кога одам на пазар или во продавницата. Се прскам со оној мој стар парфем што го чував цел живот. Повеќе не ми е грижа дали добив фнекој килограм и дали мијалникот од кујната е чист.
Зборовите ‘еден ден’ повеќе не постојат во мојот речник. Ако има нешто што вреди да се слушне или направи, јас се обидувам да го слушнам или да го направам тоа сега!
Не сум сигурна што би правеле другите ако знаеја дека нема да бидат тука утре, затоа што сите тоа лесно го сфаќаме. Мислам дека тогаш би се јавиле кај членовите на семејството или блиските пријатели. Можеби би се јавиле и поранешните пријатели да им се извинат, да ги обноват своите односи …
Сакам да мислам дека би оделе некаде на палачинки или некоја друга омилена храна и би уживале.
Мислам дека некогаш нема да го знам тоа. Ова не се ситници и јас би се налутила доколку времето ми заврши, без да направам сè што ми се допаѓа или да се откажам од нешто.
Бев лута што никогаш не не се јавив на некои луѓе мислејќи дека има време.
Бев лута што почесто не им кажував на родителите, децата и мажот колку ги сакам.
Драга моја, деновиве се трудам да не одложувам ништо што може да ми стави насмевка на лицето и блесок во животот. Секој ден е посебен. Секоја минута, секој здив е подарок.
Животот не може да биде постојана забава, но додека сме тука, можеме да танцуваме!“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.