Реџеп Таип Ердоган изјави дека претстојните локални избори во Турција, што ќе се одржат на 31 март, ќе бидат последни за него, најавувајќи крај на неговото дведецениско владеење.
„Според мандатот што е даден од законот, ова ми се последните избори. Работиме без прекин. Резултатот од овие избори ќе биде благословување на моите браќа и сестри кои ќе дојдат после мене, тоа ќе биде трансфер на довербата“, изјави Ердоган.
Ова е првпат Ердоган да збори за заминување од власта, што ја презеде уште во 2003. Седумдесетгодишниот Ердоган е уверен дека неговата конзервативна партија Закон и развој ќе продолжи да владее во Турција и после него и дека на овие локални избори ќе победи во Истанбул, што го изгуби во 2019.
Ердоган беше градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998, а за премиер првпат беше избран во 2003, кога оваа функција ја имаше најголемата моќ во земјата. Оттогаш победи на повеќе од десет избори, а нов петгодишен мандат освои лани.