• Audi A3 Sportback е-tron и ТТ off-road концептот се победници на анкета која ја спроведоа магазините Auto Bild и Auto Test
• Членот на одборот за технички развој на Audi, д-р Улрих Хакенберг изјави: “Оваа награда ја потврдува нашата e-tron стратегија која е ориентирана кон клиентите.”Audi поентираше со својата plug-in хибридна стратегија. На доделувањето на наградите „eCar“ од Auto Bild и Auto Test, Audi триумфираа со A3 Sportback е-tron и off-road концептот на Audi ТТ.
Audi А3 Sportback е-Трон победи во категоријата „Најдобар plug-in хибриден автомобил. д-р Улрих Хакенберг , член на управниот одбор за технички развој на AUDI AG, ја подигна наградата „eCar“ на автомобилскиот саем во Париз и изјави: „Нашиот Audi A3 Sportback е-tron ги импресионира клиентите со својата секојдневна практичност на plug- in хибридниот погонски систем. Автомобилот се истакнува со одлични перформанси, спортски карактеристики, удобност и ефикасност.“ Audi ТТ off-road концептот остави најдобар впечаток во категоријата „Најдобар plug- in хибрид – концепт возила“.
Audi за прв пат го претстави ова концепт возило на меѓународниот автомобилски саем во Пекинг кој се одржа во април 2014 година. Plug-in хибридниот погон, со одлични динамични перформанси, има два електрични мотори со моќ од 300 kW (408 КС).
Вкупно 54 електрични автомобили се натпреваруваа на петтото издание на наградите „eCar“. Читателите на Auto Bild и Auto Test гласаа за најдобрите во единаесет категории.Audi поентираше со својата plug-in хибридна стратегија. На доделувањето на наградите „eCar“ од Auto Bild и Auto Test, Audi триумфираа с