ECB ги намали прогнозите за економијата во еврозоната, постапно заздравување во втората половина од 2013-та

Европската централна банка (ECB) ги намали во четвртокот прогнозите за економијата во еврозоната за оваа 2013 и идната 2014 година, но и натаму очекува почеток на постепеното заздравување во втората половина од годинава, додека прогнозата за инфлацијата останува, главно, непроменета.

 
Така, Европската централна банка (ECB) во оваа 2013 година очекува пад на бруто домашниот производ (BDP) во еврозоната во распонот од 0.1 до 0,.9 отсто, со тоа намалувајќи ја претходната прогноза којашто нудеше макар некаква надеж дека раст ќе има макар и оваа година. Претходно прогнозираниот распон се движеше од минус 0,9 до плус 0,3 проценти.
Намалени се и прогнозите за растот за идната 2014 година, кога се очекува дека економијата ќе порасне во распонот од мула до да отсто, наспроти претходно прогнозираниот распон од 0,2 до два процента, објави ECB по завршувањето на редовното месечно заседание на коешто се задржани клучните каматни стапки во висина од 0,75 отсто.
„Постапното опоравување би требало да започне во втората половина од годинава, потпомогнато од јакнењето на глобалната побарувачка и нашата попустлива монетарна политика”, изјави челникот на ECB, Марио Драги на прес-конференцијата во Франкфурт.
Незначително се коригирани прогнозите на ECB за инфлацијата, според коишто инфлацијата ова аи следната година би требало да се задржи под зацртаното ниво на Банката, од „блиску но под” нивото од два отсто.
Годинава стапката на инфлацијата би требало да се движи во распонот од 1,2 до 2,0 отсто, додека во претходните прогнози проценетиот распон се движење од 1,1 до 2 процента.. Во 2014 година се очекува инфлација во распон од 0,6 до 2,0 отсто.
Марио Драги се осврна и на внимателно следената ситуација во Италија, оценувајќи дека пазарите брзо се смирила по возбудувањата коишто ги предизвика објавувањето на резултатите од неодамнешните парламентарни избори во Италија, напомнувајќи дека заканата од „ширењето на заразата е придушена” .
„По одреденото возбудување коешто накратко завладеа меѓу инвеститорите по изборите (во Италија – з.р.), пазарите се повлекоа, главно, на нивоата на коишто беа пред изборите”, рече Драги.
Потврди дека и натаму на сила е програмата на Банката за купување обврзници, осмислена со цел да им се помогне на земјите членки од еврозоната погодени од кризата. „Програмата е многу ефикасна и натаму е на сила, меѓутоа правилата се познати”, рече челникот на ECB.
Европската централна банка (ECB) со покренувањето на спомнатата програма за ветените купувања на обврзниците во неограничени износи, придонесе за смирување на кризата во еврозоната, но правилата наложуваат земјите членки прво да мораат да поднесат официјално барање за помош од европскиот кризен фонд и да прифатат одредени услови за штедење.
Макфакс
Европската централна банка (ECB) ги намали во четвртокот прогнозите за економијата во еврозона

Пронајдете не на следниве мрежи: