– По четврти пат последователно, Фордовиот 1.0 литарски EcoBoost е добитник на титулата „2015 International Engine of the Year“ – најдобар мотор со работен волумен под 1.0 литри,
– Осум меѓународни награди „мотор на годината“ во последните четири години за спортскиот и ефикасен мотор – единствен пример до сега кој ја добива наградата последователно,
– Иновативниот мотор е најдобар во класата поради: возливост, перформанси, економичност, рафинираност и технологија. Ford сега работи на деактивирање на еден од цилиндрите со што додатно би се зголемила штедливоста.Штутгарт, Германија, Јуни 17, 2015 – Малиот бензинец кој возачите ширум Европа го одбраа поради неговата одлична економичност и импресивни перформанси, по осми пат, во четири години, е награден на “2015 International Engine of the Year“ натпреварот.
Четврта последователна година, Ford 1.0-litre Ecoboost е добитник на признанието “Најдобар мотор под 1.0 литри“. Тој, од жирито составено од 87 автомобилски новинари, кои доаѓаат од 35 држави, е прогласен за најдобар во класата поради неговата издржливост, перформанси, економичнст, рафинираност и технологија. Минатата година, еднолитарскиот EcoBoost стана прв мотор кој е прогласен за апсолутен победник на изборот “International Engine of the Year“ три пати по ред, а во 2012 беше прогласен за “Best New Engine“ – Најдобар нов мотор на пазарот.
На европскиот пазар можат да се дибијат десет различни модели во кои се вградува 1.0 литарскиот EcoBoost мотор. Еден од пет продадени нови Ford модели во Европа минатата година беше опремен токму со тој мотор, вклучувајќи ги тука и две од пет продадени “Фиести“. Ford исто така работи на иновативниот пристап за деактивирање на цилиндри, решение кое додатно може да ја зголеми ефикаснота.
„Еднолитарскиот EcoBoost мотор ги промени правилата на игра во класата на мали бензинци и ние сме горди што тој останува најдобар во својата категорија и покрај зголемената конкуренција,“ вели Joe Bakaj, потпреседател во оделот за развој на нови производи во Ford Европа. „Духот на иновациите ни помогна да го создадеме овој мотор кој жнее само успеси и ние ќе продолжиме и понатаму да работиме во развојот на нови мотори.“
Ford со инженерски партнери од Schaeffler Group работи на тестирање на нов двоен замаец кој овозможува деактивирање на цилиндри, а кој може да биде применет на широк опсег на мотори, оптеретувања и брзини. Тоа решение исто така помага во намалување на бучавата и нивото на вибрации. Практичните тестирања извршени со прототипови во Европскиот Центар за Истражување и Развој, во Ахен, Германија, покажуваат додатно намалување на потрошувачката од преку 6 проценти.
„Дури и во агресивно намалениот мотор, како што е 1.0 литарскиот EcoBoost, значајно намалување на потрошувачката на гориво може да се постигне со деактивирање на цилиндрите,“ вели Карстен Вебер менаџер за напредни мотори во Ford Европа. “Највисок приоритет во развојот на нови мотори со внатрешно согорување во автомобилите е понатамошно намалување на потрошувачката на гориво.“
Достапен со 100, 125 и 140 КС, 1.0 литарскиот EcoBoost се произведува во Фордовата фабрика во Келн, Германија, и во Крајова, Романија од каде што се дистрибуира во 72 земји ширум светот. Претходно, во 2013, моторот беше наградуван на “Paul Pietsch“ натпреварот за технолошки иновации во Германија; Кралската Академија за инженеринг „Colin Campbell Mitchel“; „Dewar Trophy“ од Кралскиот Автомобилски Клуб во Велика Британија; и во САД, награда од “Popular Mechanics“ магазинот. Ford е прв производител кој со трицилиндерски мотор ја добива „Ward’s 10“ наградата за најдобри мотори.
Глобално, Ford располага со моќна ергела на штедливи EcoBoost мотори, вклучувајќи ги 1.5, 1.6, 2.0 и 2.3 литарските четирицилиндерски мотори како и 2.7 и 3.5 литарски V6 мотори. Последниов е развиен за целосно новиот суперавтомобил, Ford GT со кој компанијата од 2016 се враќа на Le Mans трките.
Фордовиот 1.0 литарски EcoBoost претставува еден од најдобрите примери за “downsizing“ вели Деан Славнич, ко-претседавач на „International Engine of the year“ наградите со седиште во Штутгарт, и уредник на „Engine Technology International Magazine“. Овој фантастичен трицилиндарски мотор покажува дека сѐ уште постои простор за понатамошен развој на моторите со внатрешно согорување.
Штутгарт, Германија, Јуни 17, 2015 – Малиот бензинец кој возачите ширум Европа го одбраа поради неговата одлична економичност и импресивни пе