Ед Стафорд: Пат во непознатото – нов серијал на Discovery Channel

Ед Стафорд е еден од најголемите авантуристи на денешнината, човек кој со своите подвизи има влезено во Гинесовата книга на рекорди откако прв го преоди Амазон од неговиот извор до точката каде што се влева. На Discovery поткрена нов бран на програма со серијалите  ,,Гол на напуштен остров”  и ,,Сам на светот”.Сега тргнува во нова авантура со серијалот ,,Ед Стафорд: Пат во непознатото”, на предели кои се забележани на сателитски снимки, без идеја што точно следи, се до моментот на почетокот на снимањето. Во оваа автентична авантура, Ед одлучува на секоја нова локација да се фрли директно во акција со минимално подготвување од неколку часа пред да дознае каде оди.
Бестрашниот авантурист ќе се потпре на своето искуство на преживување и ќе се прилагодува на непредвидливите околности за да успее во својата мисија. Патувајќи преку ледени карпи, пустини и планински подрачја, Ед ќе се бори со екстремни временски прилики, но ќе соработува со месното население кои ќе му помогнат околу снаоѓање на теренот, сместувањето и превозот.
Дестинации се: Западна Папуа, Сибир, Етиопија, Бразил и Замбија. Во секоја епизода Ед самостојно ќе го документира своето патување во друштво на режисерот на снимањето и ќе биде наоружан само со основна опрема за преживување, координати и дрон чии снимки ќе ги споредува со она што го гледа на теренот.
Ед објаснува: “Ќе бидам присилен да размислувам во од и да импровизирам со добиената опрема и рута на навистина тешки терени. Баш затоа ме возбудува овој серијал-ќе биде права авантура”.
Ексклузивното интервју со Ед Стафорд за новиот серијал ќе може да го прочитате денес во Нова Македонија, а првата епизода ќе може да ја проследите на 13 октомври во 21 часот на Discovery Channel.

Сега тргнува во нова авантура со серијалот ,,Ед Стафорд: Пат во непознатото”, на предели кои се забележани на сателитски снимки, без идеја шт

Пронајдете не на следниве мрежи: