Еден дел од македоското ткиво и битие влегува во самоуништувачка игра

Кога размислувам за тоа што се случува во Република Македонија многу често размислувам и за тоа каде ни е грешката за тоа што еден дел од македонското ткиво и битие влегува во само уништувачка игра. Тоа што СДСМ го прави денес не е македонска опција, никој во Македонија не е цврсто убеден дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде на власт, но било која македонска политичка партија да биде на власт не смее да ги уништува националните интереси, истакна Оливер Андонов на денешната трибина во организација на Павел Шатев.-Кога зборувам за националните интереси зборувам за клучните интереси на оваа држава, а тоа е опстанок на нацијата и држава како култура јазик и територија. Денеска дојдовме во една состојба верувајќи и на демократијата и посебно на некои наши партнери дојдовме во ситуација под верба на демократијата да се прифатат и некои преседани, секое прифаќање води кон нови прифаќања и понатаму води кон изместување на законот и правото во Република Македонија. Па така и оној преседан наречен СЈО дочекавме да води класична политичка битка на местото на СДСМ, потенцираше Андонов.
Тој истакна и дека СЈО преку свои методи сака да креира политика и тоа обвинителство е докажан инструмент во рацете на СДСМ.
-Заев целото време додека се преговараа избори во Македонија зборуваше дека ќе има обвиненија од страна на СЈО и секогаш кога тој тоа го зборуваше СЈО излегуваше со обвиненија. СЈО му даде тотална амнестија на Заев и неговата политичка гарнитура, ако сме правна држава немаше да имаме ситуација во која СЈО ќе го сопира случајот „пуч“. Убеден сум дека во 90 проценти од случаите кои што ги креирала Јанева постојат измислени докази и луѓе со принуда. Врз нив се вршело и пресии дека ќе им страда фамилијата, децата, се терале да потпишуваат различни документи и тие сериозно си ја сфатиле работата како политички инструмент, вели Андонов.-Кога зборувам за националните интереси зборувам за клучните интереси на оваа држава, а тоа е опстанок на нацијата и држава како култура јазик и те

Пронајдете не на следниве мрежи: