Гледам деновиве се фрлаат камења и дрва, по еден од великаните на македонскoто актерство. Срамно е што не се бираат ниту средства, а богами ни начин. Се прашувам зошто некој намерно сака да го оцрни, големиот актер и шоумен ? Зошто кога се наоѓаме во ситуација на недостиг на квалитет, плукаме по најголемите ?Зарем заборавивте дека истиот Тони Михајловски, брилираше како на Македонската кинематографија, така и на театарот ? Да не ги заборавиме, Самоуништување преку кој се покажа како млад и талентиран глумец до Џипси Меџик или пак Збогум на 20 век и Буре Барут. Како на филмот, така и во самата претстава беше маестрален и незаменлив.Дали заборавивте дека Тони Михајловски, направи потег кој ниту еден актер не го направи, со тоа што штиците на театарот, ги замени со борбените лини за одбрана на татковината.
Со тој потег, се воздигна многу кај нас обичните смрттници, ама си направи себе си непоправлива штета, бидејќи бранејќи ги бранителите, беше казнет да не ја работи работата, која највеќе ја сакаше.Па во 2004 година, пред се благодарение на Дарко Митревски направи голем кам бек како на филмското платно, така и во театарот преку Бал-кан-кан па и Како убив светец на Теона Стугар Митевска,по кое прави пак пауза на филмските платна, се додека не го направи вториот свој камбек во ПАРАДА, во филм каде пак по незнам кој пат, го покажуа својот голем талент.
Потоа играше во филмот на Дарко Митревски, или Трето полувреме, каде освен актерските способности ги покажа и своите фудбалски, што искрено мислам дека некој фудбалер од МФЛ, може да му подзавиди. И сега вие најдовте, да му се лутите зошто Тони Михаиловски го повикал Никола Груевски во емисија, која не се бави со политика туку со релаксација. Епа добро бе хејтери, ќе ве сфатам зошто сте против премиерот, ама да плукате по наша гордост, зошто премиерот му бил на гости ?
Тоа нема да го разберам никогаш од проста причина што, самиот Тони Михаиловски е поголем амбасадор на Р.Македонија од сите тие политичари. Затоа ве замолувам, пред да плукате по него, освоете барем 10% од неговите награди, кои ги освоил на светско ниво, или пак направете 10% добро за земјава, од тоа што он го направил, без разлика дали како глумец или како бранител.
Колумната е превземена од: kircamkd.wordpress.com
Автор: Габриел МишевскиЗарем заборавивте дека истиот Тони Михајловски, брилираше како на Македонската кинематографија, така и на театарот ? Да не ги заборавиме, Самоуништ