Еден маж го направил ОВА додека траел хоророт во Тунис и сега цел свет зборува за него!

Пар од Велика Британија, Сара Вилсон и Метју Џејмс, се сончале на плажа во Тунис кога одеднаш почнало да се пука од сите страни. Метју бил погоден со три куршуми додека ја штител свршеницата Сара, пренесе SkyNews.За потсетување, на 26 јуни годинава, група вооружени терористи свирепо убија најмалку 37 луѓе, кога во тунискиот град Сус извеле напад врз група туристи.
Меѓу несреќните туристи што се нашле на плажата, биле Сара и Метју.
Метју Џејмс (30) бил застрелан со три куршуми кога се поставил како жив штит пред неговата свршеница Сара Вилсон (26) за да ја заштити од неочекуваниот напад на плажата во Тунис каде што летувале.
Тој бил застрелан во рамо, градите и коленото, а во разговорот за „Mirror” во болницата каде што тој закрепнува, Сара рекла:
„Прими куршум наместо мене. Му го должам животот… веднаш се фрли пред мене кога слушнавме пукање“. „Кога го застрелаа ми викаше да бегам. Ми рече дека ме сака. ’Кажи им на нашите деца дека ги сакам’“.

„Благодарна сум му на Бога што Метју преживеа“, додала таа.
„Лежевме на лежалки и уживавме кога наеднаш слушнавме страшни звуци. Бучавата се рашири и одеднаш видовме човек кој пукаше наоколу. Тешко ми е да се сетам баш на секој детаљ“, рекла таа.
Во описот на страшната глетка, Сара додала дека насекаде гледала крвави тела на луѓе и дека едвај чекала сѐ да се заврши.
„Планираме свадба во 2017 година и ќе бидеме најсреќниот пар на светот затоа што преживеавме нешто што многу парови нема никогаш да го искусат во животот“, заклучила таа.
Во истиот ден беше извршен терористички напад во Кувајт во кој беа убиени 27 лица, но и напад во Франција.
Сѐ уште нема информации дали нападите биле координирани.За потсетување, на 26 јуни годинава, група вооружени терористи свирепо убија најмалку 37 луѓе, кога во тунискиот град Сус извеле напад врз група ту

Пронајдете не на следниве мрежи: