Првостепената дисциплинската комисија на РФМ, на состанокот одржан во понеделникот, по разгледување на потребната документација одлучи да го казни Металург со една средба без присуство на публика поради нередите кои се случија на мечот со Вардар…Освен казната од еден меч без публика, на Металург му е изречена дисциплинска санкција, парична казна во износ од 150.000 денари
Во рамките на натпреварот од Плеј-офот на Супер Лига Мажи помеѓу РК Металург и РК Вардар, одигран на 08.05.2014, во спортската сала „Автокоманда“, се евидентирани следните прекршувања на одредбите од Член 106 од Дисциплинскиот Правилник на РФМ и тоа:
-Фрлање на ролни и останати предмети на теренот за игра; користење на запаливи материи за време на натпревар; пушење во салата за време на натпреварот; влегување на гледачите на терен за време на натпревар; навлегување на гледачите на терен по завршетокот на натпреварот и напад од членови на клубот или делови и поединци од навивачка група или навивачи, на членови на противничкиот клуб или делегат и комесар на натпреварот, или судија на натпреварот.Освен казната од еден меч без публика, на Металург му е изречена дисциплинска санкција, парична казна во износ од 150.000 денари
Во рамките