Еден од ножевите на египетскиот фараон Тутанкамон, најверојатно бил направен од железото на метеорит. Ова го покажуваат истражувања врз предметот стар 3300 години, кој бил погребан заедно со владетелот.„Нашето истражување потврдува дека древните Египќани му придавале големо значење на железото од метеоритите при производството на вредни предмети“ – наведуваат италијанските и египетските научници кои извршиле рентгенски тестови на ножот, а кој се чува во Египетскиот музеј во Каиро.
Тутанкамон починал на 19-годишна возраст во 1324 година п.н.е.
Неговата гробница е откриена во 1922 година од британскиот египтолог Хауард Картер. Во неа се пронајдени голем број артефакти, меѓу кои и маска од 24-каратно злато.
Според авторите на студијата, ножот од метеорит бил пронајден од Картер поставен околу мумијата на Тутанкамон. Оружјето има златна рачка со емајлирани фигури и кристал.
Откритието на истражувачите се совпаѓа со претходните заклучоци на научниците, откако во 2013 година е скенирана 5000-годишна гробница во египетско село, која покажала дека првите железни артефакти всушност се произведени од метеорит.
Квалитетот на ножот зборува за „значително подобрување на обработката на железо во времето на Тутанкамон“, посочуваат авторите на студијата.
Исто така, тие додаваат дека според термин користен од 19-та египетска династија, сите видови на железо биле нарекувани „железо од небото“.
Сепак, Махмуд ел Халваги, поранешен директор на Египетскиот музеј, работел на истражувањето на ножот и посочува дека не може да потврди дали древните Египќани биле свесни дека нивното железо доаѓа од метеор.
„Тоа биле достапни карпи и биле користени од луѓето“ – додава тој.„Нашето истражување потврдува дека древните Египќани му придавале големо значење на железото од метеоритите при производството на вредни пред


