Еден од осомничените за убиството на Немцов се разнесе со граната!

Еден маж, кој бил осомничен за вмешаност во убиството на Борис Немцов што се случи на 28 февруари, се самоуби со граната во Грозни, соопшти „Интерфакс“.Според информациите, осомничениот бил опколен од полициски службеници во стан кој се наоѓа на улицата „Лав Јашин“, во чеченскиот главен град Грозни. Тој покажувал отпор и фрлил на полицајците една граната, а со втората се разнел.
При детонацијата на гранатата, тој се здобил повреди и починал на лице место.
За убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов, на 7 март беа приведени Анзор Губашев и Заур Дадаев. Потоа, стана познато дека се приведени уште две лица – помалиот брат на Губашев и непознат маж, кој во моментот на убиството бил со Дадаев во автомобилот од кој било пукано во Немцов.
Фото: wsjСпоред информациите, осомничениот бил опколен од полициски службеници во стан кој се наоѓа на улицата „Лав Јашин“, во чеченскиот главен

Пронајдете не на следниве мрежи: