ЕДЕН ПЛОД од ова овошје има витамин Ц како 40 лимони!

Ова моќно овошје се бори против слободните радикали, го забавува стареењето, го обновува колагенот во кожата…Каму – каму е бразилско овошје, кое расте исклучиво во мочуришните области на Амазон во Перу, Бразил, Колумбија и Венецуела, каде плодовите и листовите од ова овошје се користат во  медицински цели. Приближно е со иста големина како лимонот, а по изгледот потсетува на  јаболка и праска, пишува Men`sHealth.
Се верува дека каму-каму има многу силни анти-оксидантски својства.
Каму – каму е суперхрана која ги лечи многу болести, како што се афти, херпеси, херпес зостери и обична настинка. Многу истражувачи се согласуваат дека Каму – каму е природен енергетик и одличен за здравјето на очите и усната шуплина.
Ова егзотично овошје до кое е тешко да се дојде содржи 30-60 пати повеќе витамин Ц од портокалите и лимоните, а само една лажичка прав направен од ова овошје е доволно за задоволување на дневните потреби на организмот за овој витамин.
Каму – каму содржи и амино киселини валин и серин. Валинот е од големо значење на централниот нервен систем, когнитивните функции и пукање на мускулите, додека серинот го потпомага здравото варење.
Интересно е дека на 100 грама од ова овошје доаѓа дури 7,1 милиграми калиум, кој е важен за правилно функционирање на бубрезите и срцето.

 
Каму-каму содржи галска и елагична киселина,за кои е познато дека имаат антивирусно и антифунгално својство, и дека дејствуваат како антиоксиданси. Многу студии покажаа дека елагичната киселина има анти-канцероген ефект, и се верува дека им помага на дијабетичарите во одржување на рамнотежата на шеќерот во крвта.
Каму-каму е тешко да се најде како плод, но може да се зема во прав или капсули, кои може да ги купите онлајн или во добро снабдените аптеки. Правот може да го додадете во сладолед, шејк  или овесна каша.
Пред да почнете да консумирате каму-каму, консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи постојат некои сознанија дека каму-каму може да влијае на работата на лековите за хемотерапија. Каму – каму е бразилско овошје, кое расте исклучиво во мочуришните области на Амазон во Перу, Бразил, Колумбија и Венецуела, каде плодовите и

Пронајдете не на следниве мрежи: