Непосредно по завршувањето на изборите во Македонија, премиерот на Албанија, Еди Рама, ги повика на средба лидерите на Албанците во Македонија.Тој веќе имал средба со лидерите на Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, а денеска требаше да се сретне и со Али Ахмети и Мендух Тачи, но поради партиски обврски Ахмети ја откажа средбата.
–Со оглед дека Македонија се наоѓа на крајот на изборниот процес, јас им честитам на сите избрани без исклучок, и особено на Албанците. Тие треба да најдат сила да ја унапредат заедничката агенда за да се постигне квалитетен демократски соживот на албанските и македонските граѓани. На врвот на нивната агенда треба да биде Охридскиот рамковен договор и заеднички едногласно да побараат програмата на новата влада да поставена во рамките на Охридскиот договор. Албанските партии во Македонија си имаат свој идентитет и своја програма, тие не се обврзани да согласуваат една со друга за сѐ или да бидат соединиети во еден блок, но се бара да застанат на страната на интересите на сите Албанци и заеднички да настапат во интерес на она што е неделиво, а тоа е принципот на еднаквост меѓу двата народа, целосна слобода, права и обврски во контекст на македонската држава – им порача Рама на албанските партии.
Токму гласовите на партиите на Албанците може да бидат одлучувачки за тоа кој ќе ја составува новата влада во Македонија. На неделните избори партиите на Албанците освоија 20 пратенички места, ДУИ освои 10 пратеници, Беса 5, „Алијанса на Албанците” 3 и ДПА 2.Тој веќе имал средба со лидерите на Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, а денеска требаше да се сретне и со А