Еди Рама предложи Македонија и Албанија да се вклучат во регионалната Јадранско-јонска стратегија

Премиерот на Албанија Еди Рама, предложи Македонија и Косово по забрзана постапка да се вклучат во регионалната Јадранско-јонска стратегија, пренесе весникот „Коха диторе“.Рама на собирот во Пескара, Италија, повтори дека макрорегионалната треба да ја следи и националната стратегија.
– Да бараме решение надвор од Европа би било исто како да бараме решение надвор од историјата. Повторувам дека макростратешките стратегии треба да одат врз основа на националните, изјави Рама на собирот.
Тој изрази надеж дека активната фаза на макрорегионалната стратегија на Јадранско-јонското приморје ќе овозможи пристап и за четири држави кои не се земји членки на ЕУ, а се членки на регионалната стратегија.
 – Се надевам дека со забрзана постапка во регионалната стратегија ќе бидат вклучени Македонија и Косово, со што таа соработка ќе биде комплетирана, изјави Рама. 
Макрорегионалната стратегија е еден нов пат што ќе ги зајакне односите меѓу соседите, но и мировната стратегија со посредство на економска и социјална соработка, истакна албанскиот премиер.
Европската комисија во јуни минатата година претстави европска стратегија наменета за развој на Јадранско-јонскиот регион. Јадранско-јонската иницијатива моментално вклучува осум земји од регионот од кои четири се членки на ЕУ (Италија, Словенија, Хрватска и Грција) и четири од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија).Рама на собирот во Пескара, Италија, повтори дека макрорегионалната треба да ја следи и националната стратегија.
– Да бараме решение надвор

Пронајдете не на следниве мрежи: