Премиерот Еди Рама е личност за 2013 година според анкета реализирана од најгледаната тиранска телевизија Топ-чанел.Меѓу десетте личности, меѓу нив и неколку политичари од Косово, Рама е убедливо на прво место.
На второто место е Елхаида Дани, пејачка од Скадар, која триумфираше на спектаклот „The Voice of Italy“, на кој таа беше прогласена за најдобар глас на Италија за 2013 година.
Веднаш зад неа се сите оние кои го кренаа гласот против увозот на отпад и уништувањето на сириското хемиско оружје во земјата.
Меѓу десетте најличности се и косoвските политичари Шпенд Ахмети, актуелен градоначалник на Приштина, член на движењето „Самоопределување“ и Мимоза Кусари-Лила, поранешна министерка за трговија и индустрија а сега градоначалничка на општина Ѓаковица, на седмото односно осмото место и Реџеп Ќосја, академик.
На единаесетто место е американскиот амбасадор Александер Арвизу додека поранешниот премиер Сали Бериша е на дванаесеттото место. Во анкетата која телевизијата ја реализира по деветти пат, меѓу дваесетте најличности, нема ниту една личност од македонските Албанци.Меѓу десетте личности, меѓу нив и неколку политичари од Косово, Рама е убедливо на прво место.
На второто место е Елхаида Дани, пејачка од