Едицијата „Црните страници на УДБА“ промовирана пред прилепчани

Едицијата „Црните страници на УДБА“ ,која неодмна беше издадена од страна на Државниот архив на Македонија, денеска беше промовира во Прилеп. Промоцијата се одржа во преполнетата сала на Градската библиотека „Борка Талески“, на која граѓаните на Прилеп се интересираа за направените извештаи од тајната полиција во кои е опишано што се случувало во Македонија во периодот од 1945 до  2000 година. Едицијата, во присуство на градоначалникот на Прилеп, г-н Марјан Ристески, политички функционери, претставници од граѓански здруженија и граѓани,  ја промовираше директорот на Државниот архивот на Р. Македонија, Филип Петровски, кој го истакна значењето на оваа едиција, која, како што истакна тој, преставува шокантна вистина за сведоштвото во едно време  кога била супресирана каква била мисла што била надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на тогашната власт. „За жал, досиејата  потврдуваат дека тајните службите дејствувале по старите методи и по одвојувањето на Македонија од СФРЈ.Идеолошките следења продолжиле и по падот на комунистичкиот режим се до 2000 година“-истакна директорот на Државниот архивот на Р. Македонија, Филип Петровски.
Едицијата „Црните страници на УДБА“  содржи девет тома, во  16 книги и 13500 страници тематски наловени,според содржината на досиејата  и личностите, кои биле предмет обработка од УДБА, меѓу која е и онаа од првиот претседател на Р.Македонија, Методија Андонв Ченто.
При оваа пригода на ќерката од првиот претседател на президиумот на АСНОМ и првиот претседател на Македонија,  Методија Андонов и беа врачени верни копии од документи и досиеја за нејзиниот татко.Едицијата, во присуство на градоначалникот на Прилеп, г-н Марјан Ристески, политички функционери, претставници од граѓански здруженија и граѓани, &

Пронајдете не на следниве мрежи: