Државниот Архив на Република Македонија денеска во Битола приреди промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ која содржи 9 тома со 16 книги.Во материјлот на 13.500 страници има 202 досиеја и многу документи кои досега беа непознати за македонската јавност сега се обзнанети. За едицијата постои голем интерес и затоа сите книги ќе бидат дистрибуирани во 65 институции, библиотеките и други установи со што ќе се овозможи многу луѓе да се запознаат со документите и сами да заклучуваат, истакна Филип Петровски, директор на Државниот Архив на Република Македонија.
– Многу имиња станаа инволвирани во овој процес и треба да дадат одговор пред македонската јавност зошто тие негативни ликови се однесуваат така како што се однесуваат, посочи Петровски.
Едицијата „Црните страници на УДБА“ ја промовираше Александар Даштевски кој нагласи дека Македонија е единствена земја во која и по завршувањето на социјалистичкиот предок се продолжило со следењето.
– Во деведесеттите години, кога со Устав, закони и меѓународни документи беше забрането следењето, некои актери ги злоупотребиле своите функции во текот на следењето на одредени личности од идеолошки и политички причини во 90.години само за да направат политички поени за една политичка структура на штета на друга политичка структура, предочи Даштевски.Во материјлот на 13.500 страници има 202 досиеја и многу документи кои досега беа непознати за македонската јавност сега се обзнанети. За едицијата