Един Џеко: Судијата треба да се срами поради своето судење!

Фудбалерите на Босна и Херцеговина синоќа беа огорчени од судењето на натпреварот кој го играа со Нигерија, која оствари победа со 1:0.Најостар во критикувањето беше Един Џеко, кој во 21. минута постигна гол, но помошниот судија го поништи поради непостоечки офсајд
-Требаше да победиме, а судијата треба да се срами поради своето судење. Нашата екипа си оди дома и тажни сме поради тоа, но со нас куферите треба да си ги спакува и судијата. Тој во целост влијаеше на исходот на натпреварот кој го загубивме и поради кој се враќаме дома, смета Џеко.
Дури и на неговата официјална страна на Фејсбук се сподели мислењето дека репрезентацијата на Босна и Херцеговина е оштетена. Погледнете и уверете се сами дека голот е валиден на овој ЛИНК
 

Post by Edin Džeko.
Најостар во критикувањето беше Един Џеко, кој во 21. минута постигна гол, но помошниот судија го поништи поради непостоечки офсајд
-Требаше

Пронајдете не на следниве мрежи: