Единстениот преживеан од авионската несреќа во Скопје

Во светот се случуваат секаков вид на авионски несреќи од кој повеќето одземаат многу човечки животи. Една од поновите мистериозни авионски несреќи е онаа на исчезнатиот боиг 777 и летот MN-370 со 227 патници на малезиската авио компанија кој се обраќаше на релација Куала-Лумпур-Пекинг на 8 март пред две години.Статистиката пак за сите авионски несреќи што се случиле на македонското небо и тло се следниве:
Првата евидентирана авионска несреќа во Македонија се случила на 22 октомври далечната 1951 година на авионот на компанијата на Јат кој полетал од скопскиот аеродром, а дестинацијата на која никогаш не стигнал била  Белград, загинале 12 лица.
На 22 септември 1957 година авион од типот Антонов 2Р се судри со авион на аеродромот во Скопје, при овој судир немало повредени.
На 24 јули 1992 карго авион се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на слетување кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец, во оваа несреќа животот го загубија осум лица.
На 5 март 1993 година,во 11 часот и 12 минути по полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица, во анализите за несреќата е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на авионот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.
 
Имав голема среќа што бев во опашката на авионот каде што силината на тресокот беше најслаб. Уште додека се залетуваше авионот почувствував дека нешто не е во ред. Авионот силно вибрираше и само што се крена почна да паѓа. Тогаш имав 22 години и си помислив зарем сега ми завршува животот“ – вели Зоран Ацковски, единствен преживеан член на екипажот на авионот на Палер.
Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година на охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион Јак-42Д на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе и само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета, меѓутоа поради лошите временски услови и маглата беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во близина на Тројан-планина. 
Преживеаната стјуардеса Катерина Илиева вели дека сега немала да биде жива ако не била заменета од нејзиниот колега стјуард пред полетувањето на авионот. Таа вели дека го живее вториот живот, се уште неможам да поверувам дека загинаа стотици луѓе, а меѓу нив и блиски колеги. Ден предходно сите бевме на забава, за мене тие не се починати, туку сеуште патуваат.
На 18 септември 1995 авион Antonov 2R кој беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје, загинаа два члена на екипажот.
 
На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.
Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот Кингер.
На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце, притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.
 Статистиката пак за сите авионски несреќи што се случиле на македонското небо и тло се следниве:
Првата евидентирана авионска несреќа во Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: