Со лаги не се брани Македонија. Потребна е акција и потребно е да се обединиме!

Соопштение на ЕДИСТВЕНА МАКЕДОНИЈА:
Со лаги не се брани Македонија. Потребна е акција и потребно е да се обединиме!
На денешната прес конференција на Движењето Бојкотирам уставни промени беа кажани три големи лаги:
г-дин Горан Костовски, лага прва: Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев го отфрли повикот за заедничко дејствување:
Фактите: Покажете една средба, изјава, прес конференција, соопштение… каде претседателот Бачев отфрлил семакедонско заедничко дејствување. Еве, определете термин и место уште утре да објавиме семакедонско обединување на „Македонија-Блокира„ во која има 84 организации од земјата и дијаспората и вашето „Бојкотирам уставни промени“!
г-дин Горан Костовски, лага втора: Претседателот Бачев сакал да го земе приматот за бојкот оти вие сте излегле на фејсбук во јуни.
Фактите: Единствена Македонија како што доликува на политичка партија зазеде став откога официјално беше распишан референдумот и ги започнавме активностите. Референдумската битка не беше за холивудски оскар, па, да бараме примат, туку борба за опстанок на цел еден народ. Треба ли сега и ние да кажуваме дека водевме 20-дневна исцрпувачка референдумска кампања на терен а вие целата кампања ја поминавте дома на фејсбук. НЕ! И вие, и ние, и сите останати иницијативи за бојкот имаат своја заслуга за големата референдумска победа на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните. Значи, никој на никого не земал примат оти никој нема примат врз Македонија и Македонците!
г-ѓа Солза Грчева, лага трета: Бачев инсисистираше на партии во „Македонија-Бојкотира„
Фактите: Во „Македонија-Бојкотира„ имаше 64 организации-партии, здруженија, невладини, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората кои рамноправно, единствени и сплотени ја водеа големата референдумска битка на терен во секое село и град, и оттука, за кое партиско инсистирање станува збор!? Референдумот не беше битка за партии или за власт, туку битка за одбрана на светото име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.