Највисокиот великодостојник на Римокатоличката црква во Велика Британија, кардиналот Кит O'Бирн се повлекува од должноста архиепископ на бискупијата Свети Ендрјус и Единбург, и нема да учествува во конклавата за избор на новиот папа, поради обвинувањата за наводно негово непристојно поведение, се вели во соопштението издадено во понеделникот од кардиналот.Обвиненијата ги изнесоа тројца активни и еден поранешен свештеник за наводни случаи на несоодветно однесување и малтретирање во текот на 1980-те години. Едно од лицата коешто се пожалило на кардиналот, рекло дека О’Брин развил недоличен однос со него, што резултирало со потреба од долготрајно психолошко лекување.Веќе неколку седмици наназад вакви изјави на британското свештенството се појавуваат во британските медиуми, откако стана јасно дека 75-годишниниот кардинал треба да учествува на конклавите, бидејќи според возраста влегува меѓу оние кардинали коишто можат да гласаат на конклавите, а потоа ќе се пензионира. Во овој период O'Брин постојано изјавуваше дека многу сериозно пристапува кон неговата улога во изборот на новиот папа.„Светиот Отец одлучи мојата оставка да стапи на сила од денеска“, се вели во писмената изјава на О’Брин поставена во понеделникот не неговата официјална интернет страница.Радио Ватикан потврди дека папата Бенедикт Шеснаесетти ја прифатил оставката. Единствениот британски кардинал, исто така, соопшти дека не сакал да му биде одвлекувано вниманието од медиумите, кои требало да биде фокусирано на изборниот процес.Обвиненијата и оставката на О’Брин може да доведат до криза во црквата на Шкотска, уште повеќе откако еден од нејзините врховни челници беше вклучен во секс-скандал. Истовремено, поради тоа и што со оваа одлука Велика Британија на претстојните конклави останува без претставник.Претходно во неделата британскиот весник The Observer пишуваше дека четворицата свештеници од Шкотска, му се пожалиле на ватиканскиот нунциј во Велика Британија, Ентони Менини и побарале моментално повлекување на О’Брин. Портпаролот на кардиналот во неделата соопшти дека тие тврдења за недоличното однесување пред триесеттина години биле побиени.Треба да се одбележи и дека кардиналот О’Брин кој следниот месец требаше да замине во пензија, е голем противник на хомосексуалците и смета дека хомосексуалноста е неморал. Се спротиставува и на тоа истополовите двојки да посвојуваат деца, а неодамна тврдеше дека истополовите бракови ќе бидат „штетни за физичката, метална и духовна добродетел на вклучените лица“.Инаку една од варијантите што претходната седмица се јави во медиумите за папата Бенедикт XVI да го донесе своето шокантно повлекување од должноста можеби не се решил поради здравствената состојба што е наведено како причина, тука поради сознанијата дека во Ватикан има хомосексуални свештеници кои под уцени откривале тајни документи во аферата Ватиликс.Светта столица најжестоко ги демантираше ваквите обвинувања. Портпоралот на Ватикан, отецот федерико Ломбарди,ги нападна во саботата медиумските написи кои пишуваат за интригите во високите сфери на Светата столица и постоењето на „хомосексуалното лоби”, нарекувајќи го „нафрлања, дезинформации, па дури и клевети”.Ватикан официјално не ја осудува хомосексуалност, а меѓутоа ја поддржува тезата дека сексуалните односи меѓу двајца мажи се противприродни.
Макфакс Највисокиот великодостојник на Римокатоличката црква во Велика Британија, кардиналот Кит O'Бирн се повлекува од