Вечерва продолжија трибините на ВМРО-ДПМНЕ “На Македонија и треба твојата идеја” во неколку општини. Вицепремиерот во владата на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски со неговиот тим одржаа трибина во Македонска Каменица .За оваа трибина имаше голем интерес од граѓаните и конкретни предлози и идеи за решавање на проблемите и подобрување на животниот стандард.
Пешевски на оваа трибина потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ главна карактеристика изминатите изборни циклуси е тоа што како партија излегуваа со сериозна програма, со напишана програма со конкретни рокови и носители на проектите и даден збор за реализација на истата.
Тој нагласи дека и овој пат партијата одлучи својата програма за идните парламентарни избори да ја базира главно од идеите кои што доаѓаат од граѓаните и истите се анализираат од страна на стручни лица. Пешевски се осврна и на моменталната политичка состојба.
СДСМ во својот очај прибегна кон мерки кои за жал, прво се кршење на закон, а второ кон дестабилизација на државата. Овие избори се резултат на политички договор, со цел да се излезе на избори за да се види кој ја заслужува поддршката на граѓаните. Изборите се базирани врз основа на нелегално стекнати преслушкувани матријали, кои понатаму се монтирани и модифицирани и пласирани во јавноста за да предизвикаатнемир меѓу граѓаните. Притоа СДСМ не размислуваше за тоа кои се долгорочните последици врз државата. Не размислуваше за репутацијата на Македонија, за економскиот раст, кој после многу години почна да бележи големи стапки и дека тој ќе се успори, не размислуваше за инвеститорите кои веќе беа договорени, кои дел од нив се повлекоа. Единствениот интерес на СДСМ беше да се дестабилизира и оцрни државата и без избори да дојдат на власт, потенцираше Пешевски.
Исто така пред граѓаните од Македонска Каменица зборуваше и за досега реализираните проекти од Владата на Македонија, за зголемените субвенции, за реформите во здравството, зголемените плати, социјални помошти, новите инвестиции и отварањето на нови работни места, реформите во образованието и реконстрирањето и изградбата на нови училишта, намалувањето на партиципацијата за запишување на факултет и многу други проекти.
Тој ги повика граѓаните активно да се вклучат во давањето на идеи и да придонесат во пишувањето на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за превремените избори на 24-ти април наредната година.
Наредната трибина на тимот предводен од вицепремиерот Пешевски е во Делчево во 20:30 мин во Домот на кутура “Асном”За оваа трибина имаше голем интерес од граѓаните и конкретни предлози и идеи за решавање на проблемите и подобрување на животниот стандард.