Единствениот осуден за „Пуч“ се враќа во затвор

Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постпаувајќи по одлука на Претседателот на Р.М. за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од понатамошно гонење за лицето З.К. осуден со правосилна судска пресуда на овој суд, денеска до осудениот достави Упатен акт според кој лицето треба да се врати на доиздржување на три годишната казна затвор.Со ова засега единствениот осуден во случајот „Пуч“ Звонко Костовски се враќа во затвор, откако ја призна вината и ја откри шемата која ја употребувал Верушевски, нелегално искористувајќи ја инфраструктурата на УБК за прислушување на граѓани.
Покрај Звонко Костовски, во „Пуч“ обвинети се и Зоран Заев, Зоран Верушевски, Бранко Палифров, Соња Верушевска (сопруга на Зоран Верушевски), кои со повлекувањето на аболицијата од страна на Претседателот Иванов, повторно ќе одговараат пред судот за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија.
Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција.
Со ова засега единствениот осуден во случајот „Пуч“ Звонко Костовски се враќа во затвор, откако ја призна вината и ја откри шемата која

Пронајдете не на следниве мрежи: