Единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, открива дека однесувањето на полицијата, а посебно на началникот од Битола, наликувало на грчките полицајци од минатото.-Начинот на однесување на полицијата посебно на началникот на Битола наликуваше на, старите кај нас велат кокорофилак, а тоа е грчки полицаец од минатото, истакна Темелко, кој гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ.
Темелко ја прераскажа голготата низ која поминал тој и неговото семејство кога полицијата му заѕвонила на вратата од неговиот дом.
-Без да покаже ни налог ни ништо, ѕвони на вратата и излегува жена ми, кои сте вие праша жена ми, а од таму велат отвори, без да каже ни полиција ни ништо. Жена ми им ја турна вратата, се исплаши, вели кои се овие непознати луѓе. Почнаа да тропаат силно на вратата, а јас и викам кој сака нека биде отвори. После кажаа дека се полиција и извадија значка. Дури не ме оставаше ниту да се облечам, по мене идеше. Јас одам во купатило, тој по мене иде, јас му велам абе човек од трет спрат кај може да избегам, чекај ќе дојдам. -Ќе видиш ти, ќе видиш ти, само тој збор го повторуваше. Без никаков налог беше, а јас го прашав дали има или нема документ, како доаѓа да ме уапси, додаде Темелко.
Градоначалникот на Пустец потенцираше дека началникот му покажал само еден документ потпишан од Специјално јавно обвинителство на кој пишувало да се лиши од слобода.-Начинот на однесување на полицијата посебно на началникот на Битола наликуваше на, старите кај нас велат кокорофилак, а тоа е грчки полицаец од ми