Македонија е држава која во времето на владеењето на СДСМ се откажа од своите сонародници во соседните земји. Ги избришавме сите права и обврски кон нив. Ги заборавивме.Во сегашноста, СДСМ сака да се откажеме и од МАКЕДОНЦИТЕ во дијаспората, онаа преку океаните и онаа во Европа.
Во Македонија има децениска тенденција на комуњарите, меѓу нив и Киро Глигоров, да “докажат“ дека сме Титова творба без име и традиција.
Македонија има само еден градоначалник МАКЕДОНЕЦ во некоја општина во соседните земји. Во Пустец. Албанците, на пример, ги имаат дузина во западниот дел на Македонија.
Денешната здружена акција на СЈО и СДСМ е јасна порака дека стратегијата е комплетно исчезнување на МАКЕДОНСКИОТ народ од земјава и во соседството.
На ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНЕЦ ГРАДОНАЧАЛНИК во соседните држави да му з‘гнеш обвинителка од племето и од спротиставената религија е порака од странските амбасадори испратена преку СЈО/СДСМ до МАКЕДОНСКИОТ народ. Тоа се истите амбасадори што кога имаат да кажат нешто, кога на МАКЕДОНЦИТЕ сакаат да им соопштат нешто, тоа го прават преку албанските медиуми. Тоа се навреди што нас ни ги испорачаа сите сегашни и предходни амбасадори на САД, Британија и ЕУ.
Во моменти кога албанската држава ги презема сите можни репресии, акции, бирократски блокади за да ја УКИНЕ ЕДИНСВТЕНАТА ОПШТИНА СО МАКЕДОНЕЦ градоначалник, ова е фрлање на црвена марама пред роговоите на бикот. Бејли и Гарет се обидуваат да го изнесат МАКЕДОНСКИОТ народ на улица. Сакаат од нас да напрват Украина, од Скопје да напрват Мајдан. Сакаат да го судрат МАКЕДОНЕЦОТ со МАКЕДОНЕЦ, веќе кога не успеаја да не судрат со албанците.
Играњето на тенката жица на граѓанска војна во Македонија, како солуција за неодење на избори кои евидентно ќе ги загуби СДСМ и нивниот “чадор“ Филип Рикер (поддржан од Могерини), е стратегија која ќе биде постојано хранета со бензин на огнот. Рушење на “терасата“, апсење на Мијалков, обвинение за Груевски ќе се “рецептите“ на обвинителките, со крајно дискутабилно морално ниво (судар, џип, помлад пријател, романтичен викенд..), за одработување на Бејли/Гарет сценариото против тврдоглавите МАКЕДОНЦИ.
Вечерва нема да видиме протести пред судот од страна на ВМРО како што беше случајот со СДСМ кога беа приведувани Заев, Бучко, Шиповиќ, Кежаровски… Нема да видиме ниту невладини организации ниту пак “револтирани“ граѓани со маички на кои пишува ПРВАДА ЗА ТЕМЕЛКО. Или СЛОБОДА ЗА ЕДМОНД.
Нема ниту Иванив да го аболира на невидено, како што тоа го направи Црвенковски со еден друг градоначалник. Оној црпнатиот, од Струмица.
ВМРО не го прав тоа. ВМРО не го направи тоа што требаше пред година-и-кусур, односно не го упаси Зорана Заев при излезот д Владата на РМ откако го уценуваше и рекетираше нашиот Премиер.
ВМРО е решен да трпи!!!
До кога???
Миленко Неделковски
Преземено од: Дудинка.мкВо сегашноста, СДСМ сака да се откажеме и од МАКЕДОНЦИТЕ во дијаспората, онаа преку океаните и онаа во Европа.
Во Македонија има децениска