Пред точно една година светот се збогуваше со Витни Хјустон, една од најголемите диви на сите времиња. Проблематичната дива со чиј талент малкумина можат да се споредуваат, беше пронајдена мртва во када во хотелска соба во Беверли Хилс. Иако на почетокот се шпекулираше дека починала од срцев удар, сепак обдукцијата покажа дека во крвта имала трагови од повеќе опијати: марихуана, кокаин и лекови како Xanax, flexeril и Benadryl.
Од моментот на нејзината смрт, до денес прочитавме лавина детали за нејзиниот живот преполн со скандали. Семејството сакаше да заработи од снимките од погребот, бившиот сопруг Боби Браун ја обвинуваше дека неговата сиромаштија се должи на нејзината зависност од дроги, откриено е дека имала и “таен“ посвоен син (со кој нејзината родена ќерка е во врска), а се споменуваше и голема љубов со Мајкл Џексон, лезбејство кое не сакаше да го признае, што всушност можеби и ја навело да почне да користи опојни дроги.
Според Гинисовата книга на рекорди Витни е најнаградуваната женска пејачка на сите времиња. Меѓу повеќе од 400 музички награди кои ги освои се наоѓаат и две Еми, шест Греми награди, 30 билборд музички награди и 22 американски дискографки награди. Хјустон беше една од најпродаваните музичари на сите времиња, со продадени над 170 милиони албуми.
По повод годишнината од нејзината смрт музејот Мадам Тисо изработи четири восочни фигури кои ќе бидат испратени во Холивуд, Вашингтон, Лас Вегас и Њу Јорк.
Извор: Index.hr
Фото: AFP, JLPПред точно една година светот се збогуваше со Витни Хјустон, една од најголемите диви на сите времиња. Проблематичната дива со чиј талент малкумина