Една година од терористичкиот напад во Париз во кој беа убиени и ранети 500 луѓе

Салах Абдеслам е единствениот „преживеан“ член на терористичката група која на 13 ноември 2015 година изведе до тогаш незапаметен маскар, во кој беа убиени и ранети 500 луѓе.Секој Французин, но и речиси секој жител на планетата го знае неговото лице. Лицето на човекот по кој се трагаше 126 дена…и потоа беше уапсен.
По неговото апсење и првите контакти, неговиот адвокат Свен Марти изјавил дека неговиот клиент не е тип на лидер, туку некој кој што се приклучува на група, ситен криминалец од генерацијата на GTA кој замислува дека живее во видео игра. Сепак на една година од маскарот, полицискиот извештај дава една релативно јасно слика, за тој кој, како и на кој начин беше изеден терористичкиот напад.
1.Радикализација
Салах Абдеслам (27) висок 175 цм, е син на марокански родители, кој пораснал во предградието Моленбек. Бил хедонист, често менувал девојки и облека. Пиел алкохол, се коцкал, а некои тврдат дека го гледале во барови за хомосексуалци. Бил дилер на дрога и бил осуден за кражба и нанесување телесни повреди.
Една година пред масакрот, со радикални исламски изјави започнуваат да привлекуваат внимание во локалот „Bar Beguen“ чиј сопственик е неговиот брат Брахим, кој на 13 ноември се разнел во едно париско бистро.
2.Планирање
Во почетокот на 2015 година, Абдеслам повеќе пати разговарал на телефон со шефот на терористичката ќелија, Абделхамид Абауд кој се наоѓал во Грција и кој му бил пријател од младоста. Потоа секоја недела менувал картички на мобилниот. Во септември со мерцедес собрал  двајца џихадисти во Будимпешта кои глумеле дека се бегалци и тогаш им дал белгиски патни исправи.
Абдеслам кој бил задолжен за логистиката, ги набавил во специјализирана продавница во Франција. Во тоа време во Брисел често патувал и ги посетувал ноќните клубови. На 8 ноември 2015 година безбедносните камери го снимиле како се коцка и игра покер.
3.Злочин
По 5 дена, на 13 ноември, Абдеслам ги однел тројцата напаѓачи до фудбалскиот стадион “Stad de Frans”, каде што таа вечер играле Германија и Франција. Во ГПС уредот кој бил најден недалеку од Батаклан, каде истата вечер беа убиени 130 луѓе а 413 беа повредени, пронајдено е пребарување на Плоштадот на Републиката. Познато е дека Абдеслам по нападот лутал низ Париз и ја поминал ноќта со бездомници во ходникот на една зграда. Околу 5:30 утрото двајца пријатели го зеле и го пренеле во Белгија.
4.Потера
Кога станало јасно дека Абдеслам е единтсвениот преживеан од терористичката ќелија, започнала интензивна потера по него. Претседателот Франсоа Оланд се заколна на немилосрдна борба со терористите. Покрај тоа, Абдеслам на само три дена од масакрот повторно почнал да посетува коцкарници.
Повеќе од 4 месеци, тој успешно се криел и бегал…дури на 18 март оваа година, Абдеслам е уапсен во подрумот на домот на мајката на негов роднина во Моленбек.
5.Притвор
Абдеслам бил задржан во притвор во Белгија околу една недела. Еден ден по операцијата на повредената нога, за време на импровизирано сослушување, прв и единствен пат признал дека изнајмувал автомобили и хотелски соби на терористички келии, и пренел 3-ца бомбаши самоубијци во стадионот.
Тврдел дека работел ислучиво според упатсвата на Брахим и неговиот шеф Абауд. Појаснил и дека Абауд не го познавал лично.
Кон крајот на март Абдеслам со хеликоптер е пренесен во најголемиот затвор во Европа, “Gleri-Meroži” во Париз. Затворен е во самица.
Абдеслам на првото сослушување одбивал да зборува и го користел правото на молчење, иако неговиот адвокат верува дека наскоро ќе проговори.Секој Французин, но и речиси секој жител на планетата го знае неговото лице. Лицето на човекот по кој се трагаше 126 дена…и потоа беше уапсе

Пронајдете не на следниве мрежи: