За два дена ќе биде годишнина од смртта на ѕвездата на Гранд, пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Една година по бруталното убиство, убиецот е сеуште на слобода. Српскиот Курир излезе со најужасните детали од обдукцијата на пејачката. Лекарите од Судска медицина констатирале дека Јелена имала ужасни гребнатини и лузни на грбот кои докажуваат дека брутално била влечена по земја.
Убиена е со најмалку десет удари во главата, од кои и бил скршен черепот, косата и била искубана, а забите искршени.
Нејзиниот сопруг пред неколку дена изјави дека сака машки да се пресмета со убиецот кој се крие како кукавица, и дека ако има можност би го убил со свои раце.
Пејачката која остави пет годишна ќеркичка зад себе, беше убиена на 2 април на насипот кај Борча, во Црвенка.Српскиот Курир излезе со најужасните детали од обдукцијата на пејачката. Лекарите од Судска медицина констатирале дека Јелена имала ужасни гребнати