Една ќерка ја обвини мајката за својата дебелина: Одговорот на мајката ја ЗГРОЗИ јавноста!

Гневот на девојчињата и девојките ширум светот го предизвика одговорот на Лиз Томпсон (34): „Ти си таа којашто не умее да застане и која не знае кога ѝ е доста“.Мајка на едно 10-годишно британско девојче, предизвика вистинска бура во тамошната јавност кога побарала нејзината буцкаста ќерка да се упати во камп за слабеење по цена од 5500 евра. Згора на сѐ, побарала од државата да ги покрие трошоците.
Меѓутоа, ситуацијата ескалирала кога нејзината ќерка Холи Ен ѝ возвратила:
„Мамо, ти си виновна што сум дебела“.
Мајката не останала покуса: „Дете, ти не знаеш кога ти е доста“.
Со оваа нејзина реченица се поистоветиле голем број тинејџерки, кои од година во година стануваат сѐ подебели и немоќни да излезат од магичниот круг на изгладнувачките диети кои не донесуваат резултати, туку доведуваат до повторно дебелеење и експресно враќање на изгубените килограми.
Сѐ започнало така што Холи Ен еднаш ја прашала мајка си зошто толку ја здебелила.
Холи Ен (10), која не е многу висока, тежи дури 51 килограм.

„Нема што не се обидов, но кога мојата ќерка ќе седне на маса, не умее да застане и нема начин да ја сопрам. Не знае кога е доста. Мислам дека има развиено емоционална поврзаност за храната и мислам дека се прејадува на нервна или психолошка база“, рекла очајната мајка.
Експертите пак, предупредуваат дека дебелината и опседнатоста со храна се сериозни проблеми на денешницата и дека може да ја одведат било која млада девојка на пат кон булимија и анорексија.
Мајката на ова девојче истакнува дека се грижи за здравјето на нејзината ќерка.
„Јас избрав да бидам дебела, но тоа не е избор на мојата ќерка“. Таа нагласува дека нема пари за специјализирани детски кампови за слабеење, како и дека се обидела да подигне кредит во банка, но дека ја одбиле.
Експертите предупредуваат дека родителите се одговорни за здравјето на децата, бидејќи тие се оние коишто треба да ги учат за здрави навики и да им ги забранат нездравите грицки и газираните пијалаци. Кога станува збор за физичката активност, се препорачуваат најмалку 60 минути трчање и играње надвор, а времето минато пред компјутер да се сведе на минимум.Мајка на едно 10-годишно британско девојче, предизвика вистинска бура во тамошната јавност кога побарала нејзината буцкаста ќерка да се упати во ка

Пронајдете не на следниве мрежи: