сабота, 14 ноември 2026
Најново

Една порака на Фејсбук и го променила животот!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога  го имате она нешто потребно за мода, тогаш таа лесно го наоѓа патопт до вас. Модните агенти ја пронашле Ева Владимирук на фејсбук и и пратиле покана која не се одбива.„Кога имав 15 години, на Фејсбук добив порака: – Здраво, јас работам за модна агенција, може ли да ни испратите фотографии? . Така се започна“ рекла Ева.
Иако прво мислела дека се работи за шега, по проверка на агенцијата и состанокот во живо, се уверила дека поканата била вистинаска. За кратко време Ева добила понуди од модните куќи: Луи Витон, Сен Лорен и креаторот Александар Ванг.
На прашањето што е најубавото нешто во модата, Ева одговорила:
„Запознавањето со интересни луѓе, посебно дизајнери, набљудување на процесот на создавање на неверојатни работи од близу. Исто така, и тоа што модата се менува во секоја минута и тоа го обожавам.
Од друга страна, најмалку омилена работа и се кастинзите  бидејќи се губење време. За да биде секогаш подготвена за нив, Ева со себе носи вода за лицето и влажни марамици.

За нејзе големо задоволство било соработката со брендовите Кензо и Родарте, а најзабавно и било да работи со Александар Ванг. Неговите ревии се вистински спектакал.
Кога не работи, Ева ужива во омилените филмови и серии, нејзин фаворит е  серијата “The Knick”. Нејзиниот приватен стил се разликува од она што го носи на пистата.
„Мојот стил е едноставен, но модерен. Наголемиот  дел од облеката е во црна боја, всушност се што имам е црно, со примеси на готика и малку тинејџерски шик“, додава Ева.
Кога се работи за шминката, одбира руменило и маскара, а кога се работи за косата, сака мокри фризури. „Кога имав 15 години, на Фејсбук добив порака: – Здраво, јас работам за модна агенција, може ли да ни испратите фотографии? . Така се започна

Поврзани вести