Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила утрово во штипското село Чардаклија низ кое поминува магистралниот пат Штип-Кочани.Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила кога 37 годишен возач од Демир Капија управувајќи го возилото марка „Ровер“ со неготински регистерски таблички излетал од коловозот и се превртел во канал за атмосферска вода.
– Со возило на Итната медицинска помош 37 годишниот возач е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда, односно фрактура на десната клучна коска. Повредено лице е задржано на понатамошно лекување, рече Панајотова.
Во тек е истрага за причините за сообраќајната несреќа.Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила кога 37 годишен возач од Демир Капија управувајќи го возилото марка