Едно семејство во карантин: 80 луѓе биле во контакт со пациент заразен со вирусот ебола

Пциентот заболен од ебола во Далас дошол во контакт со околу 80 луѓе, велат здравствените власти во Тексас, пренесе Си-ен-би-си. Оваа бројка е значително повисока отколку што првично се мислеше.Здравствените служби во Далас потврдиле дека 80 луѓе дошле во контакт со пациентот заболен од ебола во Далас или со некој од неговото семејство.
Директор Захари Томпсон рекол дека овие 80 луѓе не биле во близок контакт, но дека имале некаков контакт или биле во близина на пациентот.
Исто така, здравствените работници на Тексас им наредиле на четири члена на семејството што имале контакт со пациентот да останат дома и да не примаат посетители за да се спречи потенцијалното ширење на болеста.
Со наредбата, предадена во средата вечер од Одделот за здравствени услуги, се бара од семејството да ја почитува најмалку до 19 октомври, кога ќе помине периодот на инкубација и семејството повеќе нема да биде во ризик од појава на болеста.
Со наредбата од членовите на семејството се бара и да бидат на располагање за давање примероци крв и да се согласат со секое тестирање што здравствените работници ќе го побараат од нив.
Еболата не е заразна додека да се појават симптомите. Членовите на семејството засега немаат симптоми.
Данкан, 42, е првата личност на која ѝ беше дијагностицирана оваа смртоносна болест во САД. Тој минатиот месец патувал од својата родна Либерија и минатата недела му се појавиле симптомите. Тој првично по грешка бил испратен дома од болницата во Далас и останал дома цели два дена додека да му се појават симптомите.Здравствените служби во Далас потврдиле дека 80 луѓе дошле во контакт со пациентот заболен од ебола во Далас или со некој од неговото семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи: