Имате се повеќе обврски,а вие и со многу напор не успевате да ги завршите. Ако сте затрупани со обврски кои не успевате да ги завршите на време, можеби би требало да работите на организација на вашето време.Ова се едноставни чекори, со кои сите свои обврски ќе ги завршите на време и без стрес.
Список на обврски
Ако ја немате таа навика, уште денес направете си список на работите кои треба да ги завршите утре. На тој начин ќе знаете каков ден ве очекува. Ограничете се на 5 работи, затоа што на тој начин ќе бидете сигурни дека сите работи ќе ги завршите како што треба. Ако вашата листа има премногу ставки, работите или ќе ги завршите половично или нема да стигнете се да завршите. Проценете колку време ви е потребно за секоја од обврските и запишете го тоа на списокот. Не одолговлекувајте, туку пробајте сите обврски да ги завршите во минимален рок. На списокот ставете ги и секојдневните обврски како перење алишта, одење во маркет и слично, но задолжително напишете и една ставка која е дел од вашиот долгорочен план како што е некој деловен проект.
Рутина
За ситните секојдневни работи, рутината е важна и многу корисна. Еднаш кога ќе воспоставите рутина, секојдневните работи ќе ги извршувате без потешкотии, а нема да ви одземаат ниту премногу време. Додека се спремате за на работа, подрасчистете си го станот. Кога ќе се вратите од работа во среден дом, ќе сфатите дека попатното расчистување ви била добра идеја.
Време за одмор
Како што е важно да ги исполните сите секојдневни обврски, така е важно и да се одморите. Барем пола саат дневно одвоете си за одмор. Гледајте ТВ, слушајте музика, читајте, работете нешто што навистина ве релаксира и е надвор од обврските кои следат, само на тој начин навистина ќе се одморите.
Спијте квалитетно
За денот навистина да ви биде продуктивен, многу е важно да сте одморени. Затоа, немојте да извршувате никакви работи доцна навечер. Спијте најмалку 8 часа, за да можете што поуспешно да го завршите списокот на обврски.
Имате се повеќе обврски,а вие и со многу напор не успевате да ги завршите. Ако сте затрупани со обврски кои не успевате да ги завршите на вре