Едноставни и ефикасни ТРИКОВИ: Како да отстраните ДАМКА ОД ПУДРА на облеката

Безброј маички се уништени и фрлени бидејќи за време на шминкањето, малку пудра завршува на околувратникот или ракавот. Уште ако сте се облекле за на работа или се спремате за ноќен провод пред да се нашминката, на агонијата никогаш крај. Меѓутоа, со два едноставни тикови ќе можете ефикасно да ги отстраните дамките а да не ги фрлате работите и парите за купување на нови работи.
Пудра во прав
Пред се, немојте да триете. Пудрата која ви паднала на блузата или маичката истресете ја, а дамката исперете ја на следниот начин:
Помешајте алкохолен оцет со вода и натопете ја дамката со таквиот раствор. Нежно протријте, а потоа исперете ја маичката на регуларен начин.
Доколку се плашите да не ја избелите ткаенината или оштетите, растворот капнете го на некое невпечатливо место на блузата.

 
Течна пудра
На извалканото место нанесете крема за бричење. Можете да ја помешате со алкохол, доколку флеката не сака да се отстрани. После тоа, валканото парче облека исперете го во машна за во целост да се извади дамката.
Ако пудрата е на база на масло, флеката исперете ја со детергент за перење садови, а потоа извалканото парче облека исперете го во машина.Меѓутоа, со два едноставни тикови ќе можете ефикасно да ги отстраните дамките а да не ги фрлате работите и парите за купување на нови работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: