Она што е најважно е да се провери дали топлината излегува од вашиот дом. Топлината во домаќинставата најчесто се губи низ неадекватните врати и прозори, а тоа може да го проверите со едноставен тест.
Отворете го прозорот или вратата и на оквирот ставете лист хартија, па затворете. Ако листот лесно може да го извлечете, значи дека преку прозорот или вратите ја губите топлината.
Со овие неколку трикови ќе направите домот да ви биде потопол без зголемување на температурата на грењето:
1. Ставете кебиња под вратите или прозорите. Иако тогаш топлината ќе излегува од страните, барем нема да оди надолу.
2. Вградување на автоматски термостат на радијаторите е исто така заштеда, бидејќи ја одржува температурата во просторијата.
3. Избегнувајте да ги оставате прозорите на кипање, затоа што така ќе излегува топлината, а квалитетот на воздхот нема да биде идеален.
4. Со спуштање на надворешните ролетни топлината ќе трае подолго в просторијата.
5. Ако надвор е сончево, тргнете ги завесите за топлината да влегува преку прозорите, со што додатно ќе се загрее домот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.