Едноставно а неодоливо: 15-минутен колач со банани

Еден од наједноставните колачи кој сте ги виделе во последно време.Потребно е:
300 гр плазма кекси
3 пудинга од ванила
9 лажици шеќер
1 л млеко
200 гр путер
4 лажици кисела павлака
4-5 банани
200 мл блага павлака за шлаг
Подготовка
Разматете го прашокот за пудинг со шеќер и малку млеко. Остатокот од млекото сварете го па кога ќе зоврие направете го пудингот. Гответе со мешање неколку минути додека пудингот не се згусне. Тргнете од оган па додека е сеуште топол додадете го исечканиот на парчиња путер, добро измешајте со маталка се додека кремата сосема не се стопи. Додадете тогаш и кисела павлака па повторно добро промешајте и соединете го кремот. Тогаш додадете ги кексите искршени на парчиња (искршете ги со раце) па се заедно добро измешајте со лажица.

Во лимен сад со средна големина премачкан со тенок слој путер, истурете половина од смесата, преку тоа наредете банани пресечени на половина по должина една до друга, прекријте со остатокот од смесата и оставете да се олади и стегне.

Преку изладениот колач нанесете ја слатката павлака (шлагот), исечкајте ситни парчиња банана по желба и чоколадо, и нароедете одозгора. Уживајте во секој залак.

Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци, животни искуства и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, и на фан страната на Фејсбук.Потребно е:
300 гр плазма кекси
3 пудинга од ванила
9 лажици шеќер
1 л млеко
200 гр путер
4 лажици

Пронајдете не на следниве мрежи: