среда, 25 ноември 2026
Најново

Едуар Филип е новиот премиер на француската влада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Емануел Макрон го назначи Едуар Филип за нов премиер на француската влада, јави дописникот на МИА од Париз.Премиерот Едуар Филип ќе ја има задачата да обезбеди парламентарно мнозинство на идните парламентарни избори во Франција, закажани за 11 и 18 јуни годинава, што на претседателот Емануел Макрон треба да му овозможи да ги спроведе најавените реформи и својата програма.
Едуар Филип (46) е млад градоначалник и пратеник од Авр. Во политиката влегол како симпатизер на социјалистот Мишел Рокар, за во моментов да биде многу близок до Алан Жупе и да е член на Републиканците, поранешната УМП.
Потегот на Макрон со назначувањето на Едуар Филип, исто така, има силна политичка заднина, бидејќи со тоа тој сака на своја страна да ги привлече разочараните Републиканци, особено по катастрофалната кампања на Франсоа Фијон.Премиерот Едуар Филип ќе ја има задачата да обезбеди парламентарно мнозинство на идните парламентарни избори во Франција, закажани за 11 и 18 јуни

Поврзани вести