Едвај се движев: Стравувајќи за својот живот ослабела 127 килограми

Ронда Мартин (43) од Ел Кахон  во Калифорнија имала 207 килограми и едвај можела да оди, а и дишела отежнато. Тогаш не ни сонувала дека ќе успее да ослабе, а сега, по  две години  вредна работа на себе, има само 80 килограми.„Претходно едноставно опстојував. Не се дружев со луѓето, бидејќи бев ограничена“, вели  Ронда.
Бидејќи многу сакала да ослабе, пробала да примени безброј популарни диети, дури пиела и пилули за слабеење,  но дури и кога ги губела килограмите, тие брзо се враќале.
„Знаев дека можам да умрам доколку не  го контролирав редовно крвниот притисок и доколку не ослабнев“.
Во страв за својот живот, таа од исхраната  исфрлила се што  претхподно јадела и  почнала да пие протеински шејкови.
„Пиев по два шејка на ден и јадев три обични  оброци. Не изгладнував. Потавував пред себе мали цели и тие ме одржуваа да успеам во намерата да се ослободам од вишокот килограми“, објаснува Почнала да ги брои калориите, да пие осум чаши вода на ден и правела по 100 чекори повеќе секој ден. А кога одењето не и било доволно, купила електричен велосипед.
„Ми беше неверојатно   како така голема успеав да се качам на велосипедот и што можев да ги вртам педалите“.
Во текот на двегодишна правилна исхрана  и редовно вежбање на Фејсбук почнале да ја следат 15.000 луѓе. За тоа вереме успееала да ослабе дури 127 килограми и сега има 80.
„Никогаш не ни помисував  дека ќе успеам да имам помалку од 90 килограми“, вели таа.
Но Ронда ни на 80 килограми  не планира да застане.
„Учествував на Пролетниот спринт триатлон. Кога заврши трката, отидов дома и  се пријавив за следниот. Сега повторно уживам во  животот, го повратив својот живот. Порано само опстојував, а сега живеам онака како што одамна посакував да живеам“, вели Ронда.„Претходно едноставно опстојував. Не се дружев со луѓето, бидејќи бев ограничена“, вели  Ронда.
Бидејќи многу сакала да ос

Пронајдете не на следниве мрежи: